рубрика: вести
02.07.2009
Корумпираното судство и зависните медиуми пречка за интеграција на Р. Македонија во ЕУ и НАТО
Институциите на меѓународната заедница и реномиратите невладини организации продолжуваат со критиките за судството и за отсуството на слобода на изразување во Р. Македонија. На тие слабости се укажува со предочување дека се пречка за интегрирањето на земјава во Европската Унија и НАТО.
Пред три дена, во изјава за Радио „Слободна Европа“, амбасадорот на ЕУ во Скопје, г-динот Ерван Фуере, посочи дека правните реформи сеуште заостануваат и дека нема доволно докази кои покажуваат дека судството е целосно независно.
И во извештајот којшто беше разгледуван во Брисел, и понатаму судството е посочено како проблематично, а од страна на НАТО се укажува и на тоа дека неслободата на медиумите е загрижувачки фактор, поради што, повторно се отвора прашањето дали Р. Македонија сеуште ги исполнува критериумите за влез во НАТО! Дипломатите предупредуваат дека нерешавањето на проблемите до идната година, може да доведе до целосна промена на ставот на членките на НАТО кон нашата земја.
И невладината организација „Фридом хаус“ посочува дека Р. Македонија го задржува статусот на делумно слободна земја, со политички зависни медиуми, слабо судство и висок степен на корупција. Во овогодинешниот извештај, Р. Македонија бележи надолен тренд во однос на граѓанските слободи, а од земјите во регионот, само Босна и Косово се со послаби оцени.
Потсетуваме дека токму судството е механизмот со којшто се врши прогонот на Црквата, преку продолжувањето на процесите против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, и спротивното на законите нерегистрирање на Православната Охридска Архиепископија, со што се загрозени основните човекови права и верските слободи на дел од граѓаните на нашата земја.
За неслободата на медиумите, коишто не дозволуваат отворена и објективна дебата за горливите проблеми, веќе повеќе пати е пишувано.
рубрика: вести
01.07.2009
На денот на споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан, Архиепископот Јован служеше во храмот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“, во Верија
Со дозвола на надлежниот Архијереј, Митрополитот на Верија, Науса и Кампанија г. Пантелејмон, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, на денот на споменот на светите бесребреници Козма и Дамјан, според Григоријанскиот календар началствуваше и проповедаше на панаѓурот на храмот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“, во Верија.
рубрика: вести
30.06.2009
Свеченостите на Павлија завршија со Литургија на денот на прововрховните Апостоли Петар и Павел во Митрополитската црква посветена на првоврховните Апостоли во Верија и Вечерна богослужба на олтарот на Апостол Павле во Верија
Со Литургија на која началствуваше претставникот на Константинополската Патријаршија, Митрополитот на Атланта г. Алексиј, а потоа и со Вечерна богослужба на повеќе јазици, заврши овогодишната петнаесетта по ред Павлија. По Литургијата беа поделени ордени за сите официјални претставници од Православните Цркви.
рубрика: вести
28.06.2009
Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован учествува на меѓународната научна конференција Павлиа во градот Верија во Грција
Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, замолен од Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква учествува на 15-тата меѓународна научна конференција Павлиа што се одржува во Верија во Грција од 25 до 28 Јуни 2009 г., а на тема: Семејството – Павловата теологија и современото гледиште.
Конференцијата на 25 Јуни ја отвори Неговото Блаженство, Архиепископот атински и цела Елада г.г. Јероним, а на отварањето присуствуваа Епископи и претставници од сите Православни Цркви.
На Литургијата отслужена во неделата на 28 Јуни учествуваше и Епископот брегалнички г. Марко. Павлија вообичаено завршува со заедничка Литургија на сите претставници од Православните Цркви, на денот на првоврховните Апостоли Петар и Павел, 29 Јуни, и Вечерна богослужба истиот ден на олтарот на Апостолот Павле што се наоѓа во центарот на градот Верија.
рубрика: вести
23.06.2009
Хелсиншки комитет: Властите промовираат државна религија
Хелсиншкиот комитет за човекови права на Р. Македонија неодамна го објави „Годишниот извештај за 2008 година.“ Во Извештајот, Хелсиншкиот комитет ги изнесува аргументите според коишто јасно се гледа дека властите на Р. Македонија промовираат „државна религија“ односно „државна верска заедница“ видена во расколничката МПЦ. Исто така, недвосмислено се укажува и на очигледната фаворизација на расколничката МПЦ во однос на другите верски заедници во Р. Македонија. МПЦ има ексклузивитет во државната регулатива, а „Р. Македонија има(ше) сериозни проблеми со верските слободи“, што доведе до тоа усвојувањето на новиот закон да биде услов за нејзино евроатлантско интегрирање.
Новиот закон за регистрација на црквите, верските заедници и религиозните групи е донесен на хартија, но во пракса се покажува дека тој не функционира. Во Р. Македонија денес постојат повеќе одбиени отколку регистрирани цркви, верски заедници и религиозни групи.
Учеството, пак, на расколнички епископ од МПЦ во Советот за култура и неговата „чудна функција на претставување на сите верски заедници на Р. Македонија“ во споменатиот Совет, за Хелсиншкиот комитет остава впечаток „дека оваа Влада премногу ја доведува во прашање одвоеноста на државата од религијата.“
Хелсиншкиот комитет се осврнува и на злоупотребата на мерката притвор, наведувајќи ја анализата на ОБСЕ во којашто се истакнува дека во „87 проценти од првостепено донесените анализирани одлуки за одредување притвор од страна на истражниот судија постојат одредени недостатоци во делот каде што треба да се наведе релевантно образложение со кое би се подржало одредувањето на мерката!“
Таков прогон од страна на корумпираното судство, преку злоупотреба на мерката притвор и во мигов се спроведува против Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.
рубрика: вести
15.06.2009
Саопштење са Четврте предсаборске свеправославне конференције, Шамбези 6-12. јун 2009. године
ЧЕТВРТА ПРЕДСАБОРСКА СВЕПРАВОСЛАВНА КОНФЕРЕНЦИЈА
Православни центар Васељенске Патријаршије
Шамбези, 6 – 12. јун 2009.
САОПШТЕЊЕ
Конференција - Шамбези Четврта предсаборска свеправославна конференција - коју је сазвао Његова Светост Васељенски Патријарх г. г. Вартоломеј, уз сагласност Блажењејших Предстојатеља помесних Православних Цркава, изражену на њиховом Свештеном Сабрању у Фанару од 10. до 12. октобра 2008. године - одржана је у Православном центру Васељенске Патријаршије у Шамбезију (Женева) од 6. до 12. јуна 2009.
Конференција - Шамбези Рад Конференције је отпочео свеправославном светом Литургијом на празник свете Педесетнице, а одвијао се под председништвом Његовог Високопреосвештенства митрополита пергамског г. Јована, представника Васељенског Патријарха, и уз садејство секретара за припрему Светог и Великог Сабора Православне Цркве, Високопреосвећеног митрополита швајцарског г. Јеремије. У раду Конференције су, на позив Његове Светости Васељенског Патријарха г. г. Вартоломеја, учествовали представници свих аутокефалних Православних Цркава.
Конференција - Шамбези Предстојатељи помесних Православних Цркава упутили су учесницима Конференције поздравне поруке, писмено или преко својих представника. Учесници Конференције су са своје стране послали телеграме свим предстојатељима помесних Цркава, иштући њихове молитве и благослов за посао који им предстоји.
Конференција - Шамбези Садржај рада Четврте предсаборске свеправославне конференције била је - сагласно вољи предстојатељâ и представникâ помесних Православних Цркава, израженој у Поруци са њиховог Свештеног Сабрања у Фанару (октобар 2008.) - дискусија о питању канонског организовања православне дијаспоре. Одговарајућа одлука о дневном реду донета је на почетку рада Конференције.
Конференција је размотрила документе које је Међуправославна припремна комисија припремила на својим заседањима у Шамбезију, одржаним од 10. до 17. новембра 1990. и од 7. до 13. новембра 1993. године, као и текст са закључцима конгреса православних канониста одржаног у Шамбезију од 9. до 14. априла 1995. године. У ове документе су унета разјашњења, допуне, исправке и додаци, па су онда једногласно одобрени.
Конференција је изразила заједничко хтење свих Православних Цркава да проблем канонског организовања православне дијаспоре буде решен у складу са еклисиологијом и са канонском традицијом и праксом Православне Цркве. Конференција је одлучила да се успоставе нова епископска сабрања у одређеним подручјима света ради регулисања стања у дијаспори, то јест међу православним верницима настањеним изван традиционалних граница помесних Православних Цркава. Председници тих сабрања биће епископи који имају првенство међу епископима Васељенске Патријаршије у датом региону, а у њиховом одсуству следећи епископи, по реду у диптисима Цркава. Чланови пак тих сабрања јесу сви епископи које све Православне Цркве признају као канонске, а који врше пастирску службу и имају надлежност над постојећим заједницама у сваком региону. Мисија епископских сабрања јесте да манифестују и унапређују јединство Православне Цркве, да заједнички врше пастирску службу међу православним верницима региона и да заједнички сведоче Православље пред светом. Одлуке епископских сабрања доносе се на основу начела консензуса Цркава које су у њима заступљене преко својих епископа.
Конференција је, претходно уневши потребна разјашњења, исправке и допуне, одобрила и нацрт Правилника о раду епископских сабрања којим се одређују основна начела њихове организације и њиховог функционисања.
Преостале теме за Свети и Велики Сабор, односно тема која се тиче начина проглашавања аутокефалије и аутономије, као и тема редоследа Цркава у диптисима, биће разматране на следећим заседањима Међуправославних припремних комисија, чији ће предлози бити поднети следећим Предсаборским свеправославним конференцијама на одобрење.
Шамбези (Женева), 12. јуна 2009.
Председник Кoнференције
+ Митрополит пергамски Јован
(превео и доставља епископ бачки Иринеј)
извор: http://spc.rs
рубрика: вести
14.06.2009
Во Неделата на Сите Светители, Архиепископот охридски г.г. Јован служеше во храмот „Св. Пантелејмон“, во населбата Магнисија, во Солун
Во Неделата на Сите Светители, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во храмот „Св. Пантелејмон“, во населбата Магнисија, во Солун.
рубрика: вести
12.06.2009
На споменот на светите Апостоли Вартоломеј и Варнава, според Григоријанскиот календар, Архиепископот охридски г.г. Јован учествуваше на Литургијата во храмот „Св. Јован Претеча“, во Неаполис
На денот на споменот на светите Апостоли Вартоломеј и Варнава, според Григоријанскиот календар, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован сослужуваше на Литургијата на која началствуваше Митрополитот на Неаполеос и Ставруполеос г. Варнава кој тој ден го слави својот именден.
На Литуријата сослужуваа и Митрополитот врестенски г. Теоклитос, Митрополитот на Сирос, Тинос, Андрос, Кеас и Милос г. Доротеј, Митрополитот на Драма г. Павле, и Епископите на Теуполеос г. Пантелејмон и на Терми г. Димитриј.
рубрика: вести
07.06.2009
На празникот Педесетница, Архиепископот Јован служеше во храмот Св. Параскева во Верија
На денот на Светата Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован по дозвола од Епископот на Верија, Науса и Кампанија г. Пантелејмон под чија јурисдикција е храмот Св. Параскева во Верија, служеше и проповедаше во таа парохија. По Литургијата Архиепископот ја служеше и Вечерната на коленоприколонение.
рубрика: архиепископ\посланија
Бидејќи информацијата дека Православната Охридска Архиепископија побарала регистрација пред надлежните органи во Р. Македонија беше полувистинито и злонамерно претставена преку средствата за информирање во Р. Македонија, ние Архиепископот охридски и Митрополит скопски, во својство на Претседател на Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија го упатуваме ова
Окружно послание
до чесното свештенство, преподобното монаштво и побожниот народ на
Православната Охридска Архиепископија
а со цел да ги објасниме сите недоразбирања кои произлегоа од лажните и во најмала рака злонамерни информирања кои се само продолжеток на државниот терор врз нашата Црква.
Пред неколку денови, некои од средствата за информирање во Р. Македонија објавија информација дека Православната Охридска Архиепископија на 28 Април 2009 г. побарала регистрација според новиот закон за цркви, верски заедници и религиозни групи од надлежниот орган во Р. Македонија, а тоа е Основниот суд Скопје 2 во Скопје. Полувистинитото и непрофесионално информирање кое е веќе општа клима во медиумскиот простор во Р. Македонија одвреме навреме, во недостаток на теми, ја зема нашата Црква како тема и пишува историја за нас, ама без нас. Тоа е нешто што е веќе одамна видено и не го заслужува ниту нашето, ниту вашето внимание.
Вие, членовите на Охридската Архиепископија сте добро упатени не само во вистините на верата која до сега достоинствено ја исповедате, туку знаете да ги препознаете и сите обиди да и се наштети на нашата Црква, без оглед од каде тие и да доаѓаат. Затоа, ова окружно послание е повеќе потсетување отколку предупредување, повеќе потврдување на она што веќе ви е познато, отколку укажување како треба да постапувате.
За жал, дури и по 18 години од падот на комунизмот во нашата татковина сеуште нема објективен пристап кон верата и Црквата. Средствата за информирање не само што имаат непрофесионален пристап, потценувачки и понижувачки скоро за сè што е во врска со Црквата, туку и известувачите кои се занимаваат со црковните теми немаат ниту најосновно општо образование за структурата и дејствувањето на Црквата. Уредниците пак, на тие средства за информирање сакаат да влијаат во креирањето на висока црковна политика, а немаат ниту најелементарно познавање како дејствува Црквата во општеството. Барем до сега, таквиот однос на медиумите кон Црквата беше лесно распознатлив од членовите на Охридската Архиепископија. Жалосно е што расколничката МПЦ до пред извесно време молчеше за таквиот однос на средствата за информирање кон Охридската Архиепископија, и сметаше дека тенденциозното критикување кое паѓаше врз нас е во нивна полза. Но, во последно време таквата злорадост им народи и ним многу проблеми од кои не знаат како да се извлечат.
Нашата Архиепископија навистина на 28 Април 2009 г. побара регистрација според новиот закон за цркви, верски заедници и религиозни групи од надлежниот орган во Р. Македонија. Да потсетиме дека во 2005 г. бевме одбиени да бидеме регистрирани под име Православна Охридска Архиепископија во регистарот на црквите, верските заедници и религиозните групи кој тогаш сеуште го водеше Владата на Р. Македонија. Во меѓувреме, под огромен притисок на меѓународната заедница Р. Македонија беше принудена да донесе нов закон за црквите, верските заедници и религиозните групи, а исклучиво заради решавање на случајот со Охридската Архиепископија. Како што и порано веќе сте чуле, новиот закон е воглавно добар и ги штити верските права на граѓаните на Р. Македонија загарантирани со меѓународни конвенции, но очигледно е сега дека тој не се применува. Имено, за да пробаме дали навистина новиот закон ќе се применува ние го пријавивме за регистрација Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст. После долга процедура која барем десет пати го надмина времето определено со закон, добивме решение дека барањето за регистрација се одбива. Деновиве добивме решение од Апелациониот суд во Скопје кој решаваше по нашата жалба, дека жалбата ни се одбива. Секако и во првиот и во вториот случај без никакво законско образложение, туку само со безобразен и циничен одговор дека така им се сакало.
Тоа е нашата секојдневица која вам ви е добро позната и на неа нема да се задржуваме. По една година откако првпат побаравме, а тоа беше во Мај минатата година, Основниот суд Скопје 2 во Скопје ни дозволи да направиме увид во судскиот регистар за, при поднесување на нашето барање, да не направиме случајно повторување на некое име што веќе е употребено од некоја верска заедница. По увидот констатиравме дека незаконски, во графата каде што е регистрирана МПЦ, додадено е име Охридска Архиепископија. Велиме незаконски зашто целата јавност во Р. Македонија знае дека на Црковно – народниот собор што го одржа МПЦ во Октомври 2008 г. тие не го усвоија името Охридска Архепископија како составен дел од името на МПЦ. Тоа што некој бесправно го додал во судскиот регистар споменатото име е кривично дело, но ако тоа го прави судот кој ќе го тужи него?
За да не губиме време во исправање на „криви Дрини“, Светиот Архијерејски Синод одлучи да се поднесе барање за регистрација на Православната Охридска Архиепископија пред надлежните органи под име: Грко – православна Охридска Архиепископија на Пеќката Патријаршија. Тоа го направивме едноставно од причина името што го назначивме во барањето да не биде исто со некои од имињата на верските заедници што се веќе регистрирани, зашто законот тоа не го дозволува. Синодот беше воден од намерата името на верската заедница што бараме да се регистрира да не ја промашува суштината на нашата Црква. А вие добро знаете дека грко-православен не значи Грк кој е православен, туку под тоа име се познати сите Цркви што исповедаат православно христијанско исповедание. Грко-православни се нарекуваат и во своето име го имаат: Александријската, Антиохијската и Јерусалимската Патријаршија. Никој сериозен не може да се сомнева дека Арапите кои се членови на Антиохијската Патријаршија не се Грци, но нивната Црква е Грко-православен Патријархат на Антиохија и на Целиот Исток. Другиот додаток во името што го предложивме во барањето е природен и органски. Охридската Архиепископија како автономна Црква е составен дел од Пеќката Патријаршија. Така, во предложеното име не треба да се бараат национални предзнаци, и вие знаете дека Црквата е Црква само тогаш кога нема веќе „ни јудеец ни елин” (Галат. 3,28) зашто сите сме едно во Христа Исуса.
Значи, предложеното име има само една единствена намена, Охридската Архиепископија да добие правен статус. Затоа Синодот во своето барање за регистрација истакна дека во колку на судот не му се допаѓа ова име, ние се согласуваме судот да ни биде кум, само да не нè малтретираат повеќе. Можеби некој ќе помисли дека биеме шега, ама навистина жалосно е што една држава се доведува во ситуација нејзините институции да бидат за подигравка. А видовте во овие неколку денови од објавувањето на веста колку душегрижници се појавија кои изјавуваат дека предложеното име било апсурдно. Дури и епископи на расколничката МПЦ го изјавија тоа. Како тие да треба да се именуваат така, а не ние. Вие пак добро знаете дека тоа се нарекува страв. Но, зошто се плашат од една мала безначајна група на верни Православци која злонамерно ја нарекуваат тајфата на Вранишкоски? Само заради тоа што со нас е Бог и со нас е вистината. Тоа нè ослободува нас да бидеме слободни до непредвидливост, но нашите противници ги поробува во стравот дека многу отстапиле од вистината, од човечноста, од верата во Бога и Црквата.
Така, ако судот го прифати предложеното име никој не треба да се вознемирува, единствено од одбивањето да бидеме регистрирани треба да се вознемират властите на нашата татковина. Зашто подобро име од ова, на кое впрочем самите тие нè наведоа да го предложиме, нема ниту да добијат. Секој нов предлог би бил полош за нив, зашто замислете ако во името на Црквата навистина има и национален предзнак, како на пример Српска Православна Црква? Тоа нас и вас сигурно не би ни сметало, ние сме принудени да примиме име што ќе ни го дадат кумовите, но што тоа би значело за Р. Македонија? Имаат ли во власта некој аналитичар тоа да им го објасни?
Браќа и господо христијанска, пред крајот сме на еден голем успех кој вие го стекнавте, секако со Божјата помош. Било какво решение да донесе судот вие не сте во загуба. Ако нè регистрираат, нашите страдања нема да бидат залудни, ако се случи спротивното вашиот духовен трезор ќе биде уште побогат. Со тоа духовно азно ќе ја купуваме иднината, не само во Царството Божјо, туку и овде, и сега. Така, сега вие одберете за што ќе се молите, но и во едниот и во другиот случај нема што да загубите, зашто Црквата никогаш не губи. Таа ја победи смртта.
Во очекување на светлата Педесетница се молиме Духот Свети изобилно да ве посети, зашто Тој е Духот Кој Црквата ја чува во единство и сите нас нè поттикнува на љубов до совршенство.
Ваш во Господа
АРХИЕПИСКОП И МИТРОПОЛИТ
+Охридски и Скопски Јован
Претседател на Светиот Архијерејски Синод
на Православната Охридска Архиепископијa
Недела на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор
2009 г.



































