Православна Охридска Архиепископија http://www.poa-info.org?l=mk ПОА-ИНФО: Информативна служба на Православната Охридска Архиепископија mk Sun, 31 May 2020 16:30:43 +0100 Sun, 31 May 2020 16:30:43 +0100 poa-info rss generator kontakt@poa-info.org (Webmaster) http://www.poa-info.org/img/poa-info.png ПОА-ИНФО http://www.poa-info.org Информативна Служба на Православната Охридска Архиепископија Во неделата на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200531.html вести 31.05.2020

Во неделата на Светите Отци од Првиот Вселенски Собор, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

]]>
Sun, 31 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200531.html
На празникот Вознесение Христово Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200528.html вести 28.05.2020

На празникот Вознесение Христово Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

]]>
Thu, 28 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200528.html
Во неделата на слепиот и на празникот на Светите рамноапостолни просветители Методиј и Кирил Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200524.html вести 24.05.2020

Во неделата на слепиот и на празникот на Светите рамноапостолни просветители Методиј и Кирил Архиепископот Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

На проповедта го потсети верниот народ дека на денешен ден пред 15 години издаден е Томосот за автономија на Православната Охридска Архиепископија.

]]>
Sun, 24 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200524.html
Во неделата на Самарјанката Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200517.html вести 17.05.2020

Во неделата на Самарјанката Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

]]>
Sun, 17 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200517.html
Во неделата на раслабениот Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200510.html вести 10.05.2020

Во неделата на раслабениот Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

]]>
Sun, 10 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200510.html
Епископот Марко го прослави именденот http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200508.html вести 08.05.2020

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко го прослави својот именден, споменот на светиот Апостол и Евангелист Марко.

Во параклисот „Свети Николај Мирликијски“, во Штип, беше отслужена света Архиерејска Литургија на која началствуваше и проповедаше Епископот г. Марко. Нему му сослужуваа свештенослужители од брегалничката Епископија

]]>
Fri, 08 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200508.html
На денот на споменот на Св. вмч. Георгиј Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200506.html вести 06.05.2020

На денот на празникот на Св. вмч. Георгиј Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

]]>
Wed, 06 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200506.html
Во неделата посветена на Жените Мироносици Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200503.html вести 03.05.2020

Во неделата посветена на Жените Мироносици, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

]]>
Sun, 03 May 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2020/05/20200503.html
http://poa-info.org/arhiepiskop/poslanija/20200417.html архиепископ - посланија

Ј О В А Н

по милоста Божја, Архиепископ охридски и Митрополит скопски,

до целата полнота на нашата најсвета Архиепископија Охридска

 

 

Благодат, милост и мир, од воскреснатиот во слава, Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.

 

Браќа сослужители и чеда во Христа возљубени,

 

Господ Бог, преку Неговиот Логос ја створи целата видлива и невидлива природа. Ја створи материјалната природа ни од што и во неа вдахна Дух животворен. Тоа значи дека материјалната природа, која сопостои со нас луѓето и постои околу нас, Бог ја вдахна со слобода, па не само духовниот свет, туку и самата материја е слободна.

Денес кога се наоѓаме во состојба на пандемија предизвикана од вирусот КОВИД-19, воочливо е за сите, не само за оние чие занимање е истражувањето, дека природата околу нас е непредвидливо слободна. Споменатиот вирус има слобода да опстанува, слобода да се менува за да опстане, слобода да дејствува на различни начини, а тоа за човечките сфаќања е многу тешко прифатливо.

Човекот не се плаши од малиот, и, тешко дури и под микроскоп видлив вирус, но се плаши од неговата слобода, барем толку како што се плаши и од слободата што самиот не може да ја контролира. Дури и оние што се занимаваат со екстремни спортови и љубители се на дивината на природата и авантурата, ја љубат контролираната непредвидливост, а се плашат од целосна и неограничена непредвидливост. Што да се каже, пак, за повеќето луѓе, кои стравуваат дури и да гледаат екстремни спортови, а камоли да се соочуваат со слободата на природата.

Ова што ни се случува во овие денови на пандемија е лекција за човештвото дека не е само личноста човекова слободна, туку слободна е целата створена природа и тоа не само на земјава на која живееме, туку на целава вселена.

Оваа лекција е опширна, но истовремено и длабока, ама оваа возвишена лекција стана лесно достапна за просечниот човек на нашава современост. Многумина бегале низ сопствениот живот за да не се соочат со слободата која царува во вселената, но оваа криза на пандемија, која ја зафати целава планета земја, мотив е за превреднување на вредностите.

Првото и најважно превреднување е насочено кон смислата на животот. Дали нашето битие во однос на вселената е толку мало, колку што еден вирус КОВИД-19 во однос на човекот? Колку штета може на човекот да му направи само еден примерок од тој вирус, а колку штета пак може да направи само еден човек на вселената, но особено на планетава на која живееме?

Овие не се прашања од наградна игра, туку прашања чии одговори се суштински за секоја човекова генерација. А одговорот не е нов, но секој поединец е неопходно наново да го прими. Одговорот е стар повеќе од дваесет векови и го разбрале многу поединци во тој низ.

Велиме многу поединци иако низ историјата тоа биле многубројни генерации, но споменатите одговори се примаат личносно, а преобразбата што од нив се прави може да биде и колективна.

Тогаш кој е одговорот? Христос Воскресе! Ете тоа е одговорот на кој повеќето луѓе барем во нашава татковина ќе возвратат: Навистина Воскресе, но никогаш не се задлабочиле како тој може да биде одговор во сите животни кризи и за суштината на постоењето.

 

Христос, браќа и сестри, љубени чеда во Господа,

не воскресна за да ни покаже што сè може да направи како Син Божји. Дојде помеѓу нас, со својата наука нè втемели во вистината, претрпе смрт и распетие заради нас, но воскресна од мртвите, а со тоа нас ни ја отвори перспективата на живот во полнота, живот во вечноста.

Со вера во оваа спасителна икономија на Синот Божји, ние не само што ќе ја ставиме под контрола слободата на малиот вирус што ја произведе пандемијата, туку ќе ја ставиме како помалку важна од нас и цела вселена. Таа ќе оветви и еден ден ќе исчезне, а човекот, ако по милоста Божја се стекне со вечен живот, ќе го види новото небо и новата земја што Бог ќе ги создаде после крајот на постоечкава вселена.

Таква моќ ни дава верата во Воскреснатиот. Да станеме синови Божји по благодат, е тогаш што ни може малиот вирус што нè задева? Но, сево ова не ни дава за право да сме непретпазливи кон оној што би ја исползувал нашата немарност за да нè победи. Секако дека неговата победа не може да биде конечна и трајна врз оние кои веруваат дека Христос Воскресна за нив, за тие да имаат вечен живот, но зошто воопшто да ги победи и во овој привремен живот еден бесловесен вирус, кога тие што очекуваат вечен живот, во овој живот се одликуваат со разборитост и расудување?

Нема таков верник што не му паѓа тешко да не слушне во црква на Велигден: „Дојдете примите светлост од невечерната светлина...” Но, да останеме дома за Велигден, не затоа што се плашиме од казните од оние што воведоа престроги вонредни мерки, па ниту во велигденската ноќ да не учествуваме во црковната богослужба, туку затоа што знаеме дека и дома Воскреснатиот Христос ќе нè полие со Неговите нестворени енергии. Тогаш кога не можеме да се причестиме со Телото и Крвта Негови, ако имаме желба да заедничариме со Него, Тој нè причестува со Неговите нестворени енергии. Христијаните никогаш не можат ништо да загубат во овој живот, доколку се во единство со Црквата, која пак е тело на самиот Христос, Кој Воскресна од мртвите.

Црквата е тело што е живо, тело што уште овде и во овој распадлив свет го живее вкусот на вечноста. Христијаните почнуваат да го вкусуваат вечниот живот од денот на крштението и тој вкус нема да им исчезне сè до почетокот на животот во Царството Божјо.

Кон таа нова димензија ги подига верата дека нивниот Господ Воскресна од мртвите. Ако е чудно до неверојатност како Господ, Кој е бесмртен по природа се роди како човек, само заради нас луѓето и нашето спасение, тогаш за многумина е чудно дека Тој Господ, после Неговата смрт на крстот, Воскресна од мртвите. Но, со сето што се збидна во Христовиот живот на земјата, се исполни Божјиот план за спасение на човекот и светот. А тој план или икономија како го нарекуваме има една и единствена цел, човекот да стекне вечен живот.

Ете затоа сме полни со радост и покрај сите причини за притеснетост во кои последниве денови не поставија вонредните мерки што ги прогласи власта во нашата татковина. Не сме неразумни и нерасудни да мислиме дека радоста можеме да ја црпиме од нешто минливо и материјално што веројатно некои можат во изобилство да го имаат во овој свет. Нашата исполнетост го носи името:

Христос Воскресе!

Воскреснатиот Богочовек да ни дарува полнота на животот и победа над сите што би можеле да ја понижуваат таа полнота, како во векот во кој живееме, така и во вековите на вековите.

 

 

На Пасха, 2020 година

 

 

 

Ваш молитвеник пред воскреснатиот Христос
+Архиепископ охридски
и Митрополит скопски Јован

]]>
http://poa-info.org/arhiepiskop/poslanija/20200417.html
http://poa-info.org/./../cestitka_voskresenie.html - ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!


Од: Информативната служба на Православната Охридска Архиепископија

]]>
http://poa-info.org/./../cestitka_voskresenie.html
http://poa-info.org/sinod/poslanija/20200414.html свет архиерејски синод - посланија

ИРИНЕЈ

по милости Божјој

Православни Архиепископ пећки, Митрополит београдско-карловачки и Патријарх српски, са свим архијерејима Српске Православне Цркве – свештенству, монаштву и свим синовима и кћерима наше свете Цркве: благодат, милост и мир од Бога Оца, и Господа нашега Исуса Христа, и Духа Светога, уз радосни васкршњи поздрав:

Христос васкрсе!

 

Целиот текст на пасхалното послание на Српската Православна Црква на следниов линк: http://spc.rs/sr/vaskrshnja_poslanica_srpske_pravoslavne_crkve_2

]]>
http://poa-info.org/sinod/poslanija/20200414.html
Архиепископот Јован учествуваше во „Интернет литија“ http://poa-info.org/arhiepiskop/intervjua/20200413.html архиепископ - интервјуа

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на 12 Април учествуваше во емисијата „Интернет литија“ на православното Радио Светигора.

Разговорот со Архиепископот Јован, кој го водеше ѓаконот Павле Божовиќ, во продолжение го пренесуваме во целост.

]]>
http://poa-info.org/arhiepiskop/intervjua/20200413.html
Соопштение на Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија во однос на COVID-19 http://poa-info.org/sinod/soopstenija/20200323.html свет архиерејски синод - соопштенија 23.03.2020

Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија, на својата седница, одржана на 23-ти Март 2020 год., сестрано го разгледа и актуелниот проблем на пандемијата, т.е. брзото распространување на COVID-19, и со цел да придонесе во запирањето на понатамошното ширење на овој, за мнозина кобен вирус, ги повикува граѓаните припадници на Православната Охридска Архиепископија редовно да ги следат и целосно да ги спроведуваат препораките на Светската здравствена организација, како и привремените мерки, кои произлегуваат од вонредната состојба што ја прогласи Владата на Република Северна Македонија.

Појдовен стремеж, пред сè да им биде општествената одговорност и штедриот израз на човекољубие кон ближниот, а како и секогаш, под ближен да се подразбира буквално секој сограѓанин, без разлика на националната или верската припадност.

Согласно на вековното православно предание, да се практикува принципот на саможртвена љубов, со цел да се сочува животот на ближниот! Следствено, најважно е, секој од граѓаните припадници на Православната Охридска Архиепископија, будно да внимава и да не си дозволи да стане, ниту носител, уште помалку преносител на вирусот!

Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија, истовремено, им изразува целосна молитвена поддршка на лекарите и севкупниот медицински персонал, кои без престан се борат да ѝ стават крај на пандемијата, и го призива благословот Божји да пребива на нив.

Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија ги повикува граѓаните припадници на Архиепископијата да го прифатат ова искушение како нова можност за преобразба на животот и на тој начин да отворат простор во нивните срца да воскресне Лекарот на нашите души и тела, Христос Господ!

]]>
Mon, 23 Mar 2020 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/sinod/soopstenija/20200323.html