Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

11.12.2022

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован сослужуваше на Светата Архијерејска Литургија во спомен-храмот Свети Сава, во Белград, на која началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј и на која високодостојниот архимандрит Доситеј (Радивојевиќ) беше ракоположен во епископски чин, со титула липљански, како викар на српскиот Патријарх.

На Литургијата сослужуваа и Преосвештените Епископи брегалничкиот и Местобљустител битолски г. Марко и стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид од Православната Охридска Архиепископија заедно со Преосвештените епископи: бачкиот Иринеј, врањскиот Пахомиј, шумадискиот Јован, браничевскиот Игнатиј, зворничко-тузланскиот Фотиј, милешевскиот Атанасиј, рашко-призренскиот Теодосиј, бихачко-петровачкиот Сергиј, тимочкиот Иларион, нишкиот Арсениј, осјепољскиот и барањски Херувим, ваљевскиот Исихиј, будимљанско никшичкиот Методиј, ремезијанскиот Стефан, мохачкиот Дамаскин, марчанскиот Сава, хвостанскиот Алексеј, новобрскиот Иларион и јегарскиот Нектариј од Српската Православна Црква.