Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

17.12.2012

Светиот Архијерејски Синод на Антиохијската патријаршија го избра Неговото Високопреосвештенство Митрополитот средноевропски г. Јован (Јазигиј) за нов Патријарх на Антиохија и на целиот Исток.

Новиот Патријарх е роден 1955 год. во Сирија, а богословски факултет завршил 1978 год. на Универзитетот во Баламанд. Од 1978 до 1982 год. усовршувал литургијска и византиска музика во Солун. Од 1982 год. бил професор по Литургика на Универзитетот во Баламанд, а во периодот од 2001 до 2005 год. ја вршел должноста декан на богословскиот институт „Св. Јован Дамаскин“ при споменатиот универзитет, во Триполи.

Во 1995 год. е избран за Епископ на Пирг, а во 2008 год. е поставен за средноевропски Митрополит.