Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ English

08.11.2013

Во Бусан, Јужна Кореа, од 30-ти Октомври до 08-ми Ноември, се одржува Десеттото Генерално Собрание на Светскиот Совет на Црквите (ССЦ). На Собранието учествуваат 2.190 претставници од помесните православни цркви, од англиканската и протестантските заедници, како и набљудувачи од римокатоличката и други цркви, кои не се членки на ССЦ, а кои се сретнаа да разговараат за најважните актуелни прашања што се однесуваат на Христијанството во светот.

Светскиот Совет на Црквите изрази длабока загриженост во однос на непочитувањето на верските слободи на православните верници во Р. Македонија. Во текот на Генералното Собрание, Советот издаде Соопштение за политизирањето на религијата и правата на верските малцинства, во коешто се наведува:

„Владата на Р. Македонија категорички го ускрати правото на Православната Охридска Архиепископија да се регистрира како верска заедница. Вплеткувањето на Владата во правниот систем на земјата резултираше и со бесправно затворање на Поглаварот на оваа Црква.“

Светскиот Совет на Црквите ги повика Владите на сите земји да ги зацврстат механизмите, коишто ќе обезбедат опстанок и заштита на правата на верските малцинства. Исто така, државите се поттикнуваат да имплементираат антидискриминаторски закони со цел да бидат заштитени личности и заедници, кои се прогонети заради верата, којашто ја исповедаат.