Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

14.10.2019

Празникот Покров на Пресвета Богородица беше торжествено прославен во полошко-кумановската Епископија. На светата Архиерејска Литургија во параклисот посветен на овој празник, во Куманово, началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљуститетл битолски г. Марко во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, како и на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија и повеќе Епископии на Српската Православна Црква.

По прочитаното Евангелие, на насобраниот народ со вдахновена беседа му се обрати Епископот брегалнички г. Марко, а на крајот од Литургијата, домаќинот, Епископот полошко-кумановски г. Јоаким со одбрани зборови им заблагодари на сите присутни за учеството во свечената прослава.

После Литургијата, беше поставена трпеза на љубовта за бројните свештенство, монаштво и верен народ.