Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

22.09.2019

Со благослов на Неговото Преосвештенство Епископот австриско-швајцарски г. Андреј, на 22 Септември, во храмот “Рождество на Пресвета Богородица”, во Луцерн, Швајцарија, на светата Архиерејска Литургија, началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, во сослужение на повеќе свештенослужители.

После прочитаното евангелско чтение, на собраниот народ, со пригодна беседа му се обрати Епископот стобиски Давид. Во продолжение на Литургијата беше направена и свечена литија.

По завршувањето на светата Литургија следуваше програма од областа на културата и за сите присутни беше подготвена трпеза.