Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

15.09.2019

На 14-ти и 15-ти Септември, по повод 850 годишнината од постоењето на манастирот “Свети Николај Мирликијски Чудотворец” во градот Куршумлија, во Нишката Епископија беше организирана свечена прослава.

Во навечерието на неделата во споменатиот манастир беше отслужена празнична вечерна богослужба на која началствуваше Епископот будимљанско-никшички г. Јоаникиј во молитвено присуство на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот балтски и ананиевски г. Алексеј, од православната Црква во Украина, и Нивните Преосвештенства Епископите: банатски г. Никанор, врањски г. Пахомиј, крушевачки г. Давид, осјечко-пољски г. Херувим и нишкиот Епископ домаќин г. Арсениј, а од Православната Охридска Архиепископија во прославата учество зеде Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко.

После вечерната беше приредена свечена духовна академија во чест светиот Симеон Мироточив, којшто и го подигнал овој манастир.

Во неделата беше отслужена света архиерејска Литургија на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот црногорско приморски г. Амфилохиј, во сослужение на Нивните Високопреосвештенства, Митрополитите: балтски и ананиевски г. Алексеј и загребачко-љубљански г. Порфириј како и Нивните Преосвештенства Епископите: банатски г. Никанор, будимљанско-никшички г. Јоаникиј, брегалнички г. Марко, крушевачки г. Давид, нишки г. Арсениј, далматински г. Никодим, осјечко-пољски г. Херувим и мохачки г. Исихиј. На Литургијата сослужуваа и свештенослужители од Антиохијската Патријаршија, Српската Православна Црква, Украинската Православна Црква и Охридската Архиепископија.

По прочитаното Евангелие беседеше Митрополитот г. Порфириј, а на крајот на насобраниот народ му се обрати и Митрополитот г. Амфилохиј.

По Литургијата за сите присутни во манастирот беше приредена трпеза.