Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija


16.07.2004

Денес на 16.07.2004г. во 10ч. започна црковно судскиот процес протв шестемина обвинети архијереји на расколничкиот синод на МПЦ. Бидејќи рокот за враќање во Црквата до 01 септември 2003г. кој на расколничките архијереји им беше даден од Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква тие не го испочитуваа, а откако заради крајно снисходување и човекољубие им беше даден уште еден рок за нивно враќање во Црквата од страна на Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија, до 14 јули 2004г., па и во тој рок не одговорија, Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија го започна црковно судскиот процес против сите шест членови на САС на МПЦ: Митрополитот скопски г. Стефан, Митрополитот европски г. Горазд, Митрополитот австралиски г. Петар, Митрополитот дебарско - кичевски г. Тимотеј, Митрополитот струмички г. Наум и Митрополитот брегалнички г. Агатангел.

Обвинението ги терети за упорно останување во раскол, а со тоа за рушење на поредокот во Црквата, односно за рушење на самата Црква. Секој кој прави раскол во Црквата и упорно останува во него, прави грев против Бога бидејќи го растура она што Христос со сопствената крв го стекна, а тоа е Црквата како тело Негово. Расколниците во ништо не се помалку за осуда од еретиците. Расколот е само друго име за истата болест, ереста.

Многу е чудно како овие шестимна обвинети за упорно останување во раскол, заедно со веќе претходно осудениот Никола Поповски (бивш Митрополит Кирил), успејаа да го убедат државниот врв да ги штити нивните интереси, кои не се интереси ниту на Црквата во Република Македонија, ниту на државата. Државата секојденвно губи од меѓунарониот угелед за тоа што застана во поддршка на овие „судумина духовни инвалиди” како ги нарекоа во медиумите, а Црквата губи затоа што тие работат само за својот интерес или за интересот на нивното потесно семејство, ги наградуваат сите лоши попови, а добрите, кои вредат ги оддалечуваат и не им даваат да дојдат до израз.

Многумина не можат да сфатат дека за вака лошата ситуација во државава најголеми виновници се токму гореспоменатите расколнички Митрополити, заедно со веќе расчинетиот Кирил, кои го навлекоа гневот божји над сите луѓе во Република Македонија бидејќи пречат Црквата да има заедница со едната света соборна и апостолска Црква, а со тоа да има и заедница со Бога. Расколот и ереста се големо проклетство за една држава и во состојба на раскол таа се распаѓа одвнатре, без надворешни непријатели.

Бидејќи уредно повиканите расколнички Митрополити не јавија на судењето, истото беше одложено. Судот постапи според каноните на Православната Црква при судење на Епископи каде се вели дека во случај на нивно недоаѓање на суд при првото повикување, треба да бидат поканети уште еднаш или двапати, па воколку и тогаш не дојдат да бидат судени во нивно отсуство, бидејќи го презреле судот на Соборот на архијерејите.