Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

01.06.2011

This text will be replaced

Во Варшава, Р. Полска, на 27-ми и 28-ми Мај се одржа средба на претседателите од централна Европа, на која учествуваше и претседателот на Р. Македонија, г. Ѓорге Иванов, во рамките на којашто тие остварија работна вечера и со претседателот на САД, г. Барак Обама.

На работната вечера претседателот на САД, г. Барак Обама, не пропушти на Р. Македонија и на земјите од регионот да им укаже на неопходноста од почитувањето на верските слободи на сите граѓани подеднакво. Имено, во годишните извештаи за верските слободи, како и во извештаите за човековите права на Американскиот Стејт Департмент, веќе години наназад, Соединетите Американски Држави го нотираат политички мотивираниот судски прогон што се спроведува врз Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, како и неимплементирањето на новиот закон за регистрирање на верските заедници, што во пракса претставува суштинско кршење на верските слободи на дел од граѓаните на Р. Македонија.

Следствено, располагајќи со информациите за непочитувањето на верските слободи во Р. Македонија и земјите од регионот, претседателот на САД, г. Барак Обама, го акцентираше почитувањето на споменатите слободи како неопходен услов за интегрирање во евро-атлантските цивилизациски текови.

На следната македонска власт ќе се однесуваат и зборовите од изјавата на г. Барак Обама во којашто тој посочи дека „не е доволно само изборите да бидат успешни, туку е неопходно да има и процес за утврдување на владеењето на правото... како и постојана будност кога станува збор за слободата на религијата“.

Токму пословичниот домашен правосуден систем е механизмот преку којшто се спроведува државниот прогон на верска основа, од една страна преку судскиот прогон против Архиепископот г.г. Јован, и од друга страна преку упорното судско одбивање да се регистрира Православната Охридска Архиепископија.