21.05.2015
Архиепископот Јован богослужеше во манастирот Дечани
На празникот Вознесение Христово, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован началствуваше на светата Архиерејска Литургија во манастирот Високи Дечани, на Косово и Метохија.
На Архиепископот охридски Јован му сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот рашко-призренски г. Теодосиј, како и повеќе свештенослужители.
После прочитаното Евангелие, Архиепископот охридски Јован се обрати пред монашкото братство и насобраниот народ со вдахновена беседа.
После Литургијата беше совршена и свечена литија, а потоа беше приредена и трпеза за сите присутни.