12.02.2023
Во Неделата на блудниот син и на празникот на Светите Три Јерарси, Архиепископот Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола
Во Неделата на блудниот син и на празникот на Светите Три Јерарси, Василиј Велики, Григориј Богослов и Јован Златоуст, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.
На крајот на Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Јован го благослови празничниото коливо.