Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

08.01.2023

Во неделата на светите богоотци, кога Црквата го празнува споменот на светиот пророк, цар и псалмопевец Давид, Неговото Преосвештество Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, го прослави својот именден.

На светата Архиерејска Литургија во манастирот „Успение Богородично“, Скопје, началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, во сослужение на Нивните Преосвештенства, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија.

На Литургијата, после прочитаното Евангелие, со вдахновена беседа се обрати Архиепископот охридски г.г. Јован.

После благословувањето на коливото, со кратко поздравно обраќање, упатено кон Архиепископот г.г. Јован се обрати и Епископот г. Давид, кој благодарејќи му на Блаженејшиот Архиепископ г.г. Јован, истовремено им изрази благодарност и на Епископот г. Марко, на чесното свештенство, на игуманијата Кирана со сестринството и на собраниот верен народ на честитките за именденот.

После завршувањето на Литургијата, за присутните беше приредена трпеза, а во манастирската гостоприемница беа изведени и нумери на пијано.