15.01.2011
Фридом хаус: Р. Македонија малтретира врз верска основа
Согласно на Извештајот на Фридом хаус, Р. Македонија и изминатата 2010 год., ја помина во друштвото на делумно слободните земји на Европа, т.е. во друштвото на Косово, Босна и Херцеговина и Албанија.
Најголемиот дел од домашните новинари, од Фридом хаус уште именувани и како политички назначеници, воопшто не го пренесуваат делот од Извештајот којшто се однесува на непочитувањето на верските слободи во Р. Македонија. Таквото ниско ниво на пренесување на информациите претставува и една од причините за Р. Македонија да се најде во делумно слободните земји.
Во својот Извештај, Фридом хаус посочува дека Уставот на Р. Македонија гарантира слобода на вероисповест, но истовремено го потенцира и неспроведувањето на законот, којшто стапи на сила во 2008 год, закон, којшто се покажува дека го штити монополот на етаблираните верски заедници за сметка на поновите.
Фридом хаус повторно акцентира дека Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован постојано бива апсен и малтретиран заради неговите верски активности.
Следствено, Извештајот посочува дека во Октомври 2010 год., Архиепископот г.г Јован беше повторно осуден на две ипол години затвор за обвиненија коишто најголемиот дел на набљудувачите сметаат дека се фингирани.
Извештајот на Фридом хаус, исто како и одлуката на Апелациониот суд во Софија за ослободување на Архиепископот г.г. Јован, упатуваат на фактот дека Властите и дел од политичките назначеници – новинари создаваат виртуелна реалност за домашната јавност во однос на почитувањето на верските слободи во земјава. Извештаите, пак, на релевантините меѓународни организации и европските судови го потврдуваат спротивното.
Изворен документ: http://freedomhouse.org/template.cfm?page=22&year=2010&country=7866