Православна Охридска Архиепископија http://www.poa-info.org?l=mk ПОА-ИНФО: Информативна служба на Православната Охридска Архиепископија mk Wed, 16 May 2012 16:01:39 +0100 Wed, 16 May 2012 16:01:39 +0100 poa-info rss generator kontakt@poa-info.org (Webmaster) http://www.poa-info.org/img/poa-info.png ПОА-ИНФО http://www.poa-info.org Информативна Служба на Православната Охридска Архиепископија Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква изрази протест и го осуди затворањето на Архиепископот Јован http://poa-info.org/sinod/soopstenija/20120516.html свет архиерејски синод - соопштенија → English

16.05.2012

На своето денешно заседание Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква го изрази својот протест против затворањето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и го осуди тоа беспримерно насилие и прогон спроведени под маската на заштита на правниот поредок.

Истовремено Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, покрај останатите адреси, апел за што поскоро ослободување од затвор на Архиепископот Јован испрати и до Владата на Р. Македонија, имајќи предвид дека според релевантните меѓународни извештаи, политичките одлуки во нашата земја бездруго влијаат и на судските одлуки. Во продолжение во целост го пренесуваме соопштението на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква.

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г. др Јован, сеправославно признатиот и познатиот канонски Претстојател на древната Охридска Архиепископија, после повеќегодишните прогони, малтретирања, апсења и затворања – исклучиво заради неговата непоколеблива определеност за единството на Црквата Божја, заради неговата припадност на вселенското Православие преку Српската Патријаршија и заради доследната, исповедничка борба против расколничкиот менталитет и антицрковниот етнофилетизам, - под лажно обвинение за наводно затајување и проневера како резултат на политички мотивираниот и исконструиран квазисудски процес од сталинистички тип, организиран на нескриено барање на расколничката организација, којашто себеси се означува со називот „Македонска Православна Црква“, и после најновата судска фарса во Велес, осуден е на 11-ти Мај, на две ипол годишна робија. Ова е единствен пример во современа Европа – а можеби и воопшто во цивилизираниот свет – државните органи, по нарачка, најгрубо кршејќи го и сопственото законодавство и меѓународните норми и конвенции, да вршат вакво сурово насилие над Православната Црква и нејзините законити високи претставници.

Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, во чијашто канонска јурисдикција се наоѓа и автономната Охридска Архиепископија, на своето редовно мајско заседание протестира и го осудува ова беспримерно насилие и гонење, спроведено под маската за заштита на правниот поредок. Молитвено и во евангелска љубов Соборот е без престан со своите браќа и сестри во Охридската Архиепископија, а особено со нивниот Архипастир којшто поднесува страдање за единството на Православната Црква Христова. Тој страда заради правда, а властите го држат во затвор со строг режим и покрај неговата тешка здравствена состојба. При тоа, Соборот апелира:

  • до сите сестрински Православни Цркви ширум вселената;
  • до сите останати христијански Цркви во светот;
  • до Светскиот Совет на Црквите, Конференцијата на Европските Цркви и другите христијански организации;
  • до владата на Република Македонија;
  • до владите и надлежните државни органи на правно уредените држави, во прв ред демократските;
  • до меѓународните институции и
  • до институциите и организациите за заштита на човековите права и верските слободи;

да пружат духовна, морална, правна и секаква друга возможна поддршка на затвореникот на совеста, Архиепископот Јован, и да придонесат за неговото што поскоро ослободување од затворот.

Белград, 16-ти Мај 2012 год.

Свет Архијерејски Собор на Српската Православна Црква

]]>
Wed, 16 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/sinod/soopstenija/20120516.html
Нов број на „Црква“, службениот билтен на Православната Охридска Архиепископија http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120516.html вести 16.05.2012

Излезе од печат новиот број на „Црква“, службениот билтен на Православната Охридска Архиепископија. Содржината на овој број на билтенот ги опфаќа настаните од Јануари до Декември 2011 година.

Во овој број се отпечатени пастирските посланија за Божик и Пасха на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, соопштенија и официјални документи од Православната Охридска Архиепископија. Во воведниот дел е поместен текстот „Учествувајќи во Литургијата ја исповедаме правата вера“ на Епископот браничевски д-р Игнатиј (Мидиќ).

Во овој број на билтенот вклучени се и дел од реакциите на меѓународната заедница (претседателот на САД Барак Обама, Американскиот Стејт Департмент), во однос на непочитувањето на верските слободи во Р. Македонија, односно грубите прекршувања на човековите права и верските слободи на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и припадниците на Православната Охридска Архиепископија.

Содржината на овој број на билтенот е достапна на следнава адреса: http://poa-info.org/izdavastvo/crkva/crkva-g8/sodrzina.html

]]>
Wed, 16 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120516.html
Со Соборна Литургија почна со работа Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120515.html вести 15.05.2012

Со Света Архијерејска Литургија во белградската Соборна црква, на којашто началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, денес започна редовното заседание на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква.

На Соборот учествуваат и Архијереите на Православната Охридска Архиепископија.

Како што најави Епископот бачки г. Иринеј, на Соборот ќе се разговара и за монтираниот судски процес против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, којшто на барање на расколничката организација МПЦ го покрена пословичното македонско судство, притоа осудувајќи го Архиепископот Јован на двеиполгодишна затворска казна.

]]>
Tue, 15 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120515.html
Судијата Тања Милева го осуди Архиепископот Јован на две ипол години затвор http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120511.html вести → Русский


11.05.2012

По упорно барање на расколничката организација МПЦ, судијата Тања Милева од Основниот суд во Велес, денес ја изрече пресудата, којашто гласи: две ипол години затвор за  Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован!

Судијата Тања Милева е родена на 02. 02. 1980 год., а за судија е избрана на 01. 09. 2009 година.  Само еден ипол месец после тој избор, значи веќе на 15. 10. 2009 год., откако беше отстранет судијата Валентин Зафиров, којшто на двапати го ослободуваше Архиепископот Јован, за судија во процесот против Архиепископот Јован беше наместена Тања Милева, којашто и тогаш, за исклучително краток рок и во негово отсуство, го осуди Архиепископот Јован на две ипол години затвор. Истата пресуда, судијата Тања Милева ја потврди и денес.

Се добива впечаток дека ваквите судски процеси се совршена илустрација за многупати повторената констатација на меѓународната заедница, дека македонските судови се корумпирани и дека донесуваат одлуки под силно влијание на политичките власти. Следствено, заради ваквите политички пресуди, сите граѓани на Р. Македонија стануваат заложници и ја плаќаат цената на оддалечувањето од цивилизираните демократски текови.

Сепак, ова судење воопшто и не ќе се случеше, доколку не постоеше упорното барање на расколничката организација МПЦ: да се води судски процес во кој Архиепископот Јован, по секоја цена, ќе биде осуден. Токму затоа, преку овој судски процес на виделина излегоа сите лаги на расколничката организација МПЦ. Имено, бидејќи за нив беше неопходно да преговараат со СПЦ, расколниците декларативно изјавуваа дека сакаат да преговараат за нивното враќање во Православието, но дејствително никогаш не го послушаа Српскиот Патријарх за основниот предуслов за преговорите, а предусловот беше само да престанат сите политички мотивирани и монтирани судски прогони против Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија. Биваа срдечно примани во Белград, злоупотребувајќи ја добрата воља на нивните домаќини со малограѓанските клеветења против Архиепископот Јован, во коишто очигледно само тие веруваат, без притоа да имаат елементарна црковна свест дека Архиепископот Јован е вистинската адреса за решението на нивниот проблем.

Сега, со пресудата против Архиепископот Јован, соборното Православие ја препознава државно-спонзорираната расколничка организација МПЦ само како потврден и жесток гонител на канонската Црква во Р. Македонија. Денес, веќе секој може да ја види разликата помеѓу, од една страна, расколничката организација МПЦ како суров гонител на Христа и Црквата и, од друга страна прогонуваните за православната вера – Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија, чијшто Претстојател е.

Од денес, секој од клириците на расколничката организација МПЦ ќе може да размислува за враќање во канонското Православие, само како чин на лично преумување.

]]>
Fri, 11 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120511.html
Судијата Тања Милева преку политички диктиран судски процес ја најави за утре пресудата за Архиепископот Јован http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120510.html вести → Српски

10.05.2012

На денешното судско рочиште, коешто по барање на расколничката МПЦ се одржа во Основниот Суд во Велес, а коешто судијата Тања Милева го презакажа од 16-ти за 10-ти Мај, одземајќи му го на Архиепископот Јован основното право да ја подготви својата одбрана, се потврди дека станува збор за монтиран процес од страна на политичките власти во содејство со расколничката МПЦ, против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Имено, судијата Тања Милева, којашто денешното рочиште го беше закажала во 15 часот, експресно го одби предлогот на одбраната да бидат сослушани расколничкиот архиепископ Стефан и расколничкиот митрополит Петар, од причина што според мислењето на судот „веќе постојат доволно докази од кои судот може да ја утврди фактичката состојба“.

Судот исто така го одби и предлогот на одбраната да се спроведе ново вештачење, коешто ќе биде изведено во присуство на Архиепископот Јован, бидејќи судот утврдил дека „нема околности за спроведување на ново вештачење“.

Адвокатот на одбраната, Васил Георгиев, ѝ укажа на судијата Тања Милева дека со ваквото однесување, судот прави грубо прекршување на Конвенцијата за заштита на човековите права и слободи во членовите 3-б, 3-в и 3-г, според коишто е определено дека на обвинетото лице неопходно е да му се обезбедат време и услови за подготовка на одбраната и самиот да повикува и сослушува сведоци. Адвокатот Васил Георгиев констатираше дека судот одби да ги повика расколничкиот архиепископ Стефан и расколничкиот епископ Петар како сведоци, иако нивното доаѓање да сведочат би било од исклучителна важност, имајќи предвид дека токму тие го знаеле начинот на којшто работел Архиепископот Јован.

Токму заради презакажувањето на судењето од 16-ти за 10-ти Мај, со што на Архиепископот Јован му беше одземено времето за подготовка на одбраната, токму заради одбивањето да повика сведоци и заради недозволување на вештачење во присуство на Архиепископот Јован, коишто според адвокатот претставуваат груби прекршоци од страна на судијата Тања Милева, адвокатот се повика на законското право и побара изземање на судијата Тања Милева од судскиот процес. Ова барање на адвокатот Васил Георгиев, судијата Тања Милева експресно го одби и објави дека пресудата против Архиепископот Јован ќе ја соопшти утре на 11-ти Мај, во 10 часот.

Треба да се напомене дека иако судењето на Архиепископот Јован беше од јавен карактер, судијата Тања Милева на ниту еден од Епископите, свештениците, монасите и верниците од Православната Охридска Архиепископија, после 5 минутната пауза не им дозволи да влезат во судницата. Тоа го направи без никакво образложение, а со скандалозна примена на сила од страна на судската полиција. Денешното судење траеше неполн половина час, практично се одржа тајно, дури и новинарите како да беа отсутни по политички диктат, имајќи предвид дека Freedom House мнозина од нив ги нарекува „политички назначеници“.

Севкупниот судски процес наликува на судските процеси од времето на тоталитарните режими и ја потврдува констатацијата на меѓународната заедница за македонските судови дека станува збор за корумпирани институции, коишто донесуваат одлуки според политички диктат. Веројатно најдобра илустрација за посочените констатации на меѓународната заедница е судијата Тања Милева со нејзините дејствија за што побрзо осудување и изрекување на пресудата против Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

]]>
Thu, 10 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120510.html
Епископот г. Марко го прослави својот именден http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120508.html вести 08.05.2012

На 08 Мај/25 Април, во катедрата на брегалничката Епископија, градот Штип, со црковно благолепие беше прославен споменот на светиот и славен Апостол и Евангелист Марко. Овој празник, како свој именден, го прославува и Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко.

По тој повод, во параклисот „Свети Николај Мирликијски“, во Штип, беше отслужена Божествена Архиерејска Литургија на којашто началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот врањски г. Пахомиј. На Литургијата му сослужуваа Нивните Преосвештенства: Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, и домаќинот, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, со свештенослужители од Српската Православна Црква и од Православната Охридска Архиепископија.

Во чест на светиот Апостол и Евангелист Марко беше благословено коливо, после коешто, со свое слово, на верниот народ му се обрати Епископот врањски г. Пахомиј, нагласувајќи дека верниот народ во Р. Македонија е наследник на славна историја во соборноста на Црквата, којашто е прекината со расколот, и дека, како резултат на семето, коешто Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован го засади пред десет години, денес ги гледа плодовите на единството на Црквата. Епископот г. Пахомиј, на Епископот г. Марко му подари икона на светиот Јустин келијски за којшто рече дека, од личните средби со него, знае дека секогаш се молел за исцеление на расколот во Р. Македонија, и дека овој новопројавен светител денес се радува на плодовите на свештеноапостолството на Православната Охридска Архиепископија.

На ова литургиско собрание, Епископите, свештенослужителите, монасите, монахињите и верниот народ ја изразија својата надеж дека конечно ќе престане монтираниот државно-расколнички прогон против Архиепископот Јован и дека во Р. Македонија конечно ќе завладеат верските слободи за сите граѓани подеднакво.

После Литургијата, за сите присутни, во градот Штип беше приредена свечена трпеза, кадешто Епископите со пригодни обраќања му го честитаа именденот на Епископот г. Марко, а Преосвештениот Епископ одржа пригодна реч за соборниот карактер на Телото Христово, Црквата, искажувајќи ја истовремено неговата благодарност до сите коишто дојдоа да го прослават празникот на светиот Апостол и Евангелист Марко.

]]>
Tue, 08 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120508.html
Судот во Велес остава впечаток дека ја заштитува расколничката МПЦ http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120507.html вести 07.05.2012

На денешното судско рочиште против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, коешто на барање на расколничката МПЦ се одржа во Основниот суд во Велес, како сведок беше повикан вештакот Илко Петрушевски, вработен во Бирото за судски вештачења, којшто заедно со Иван Георгиевски, Гена Стојановска и Живко Латински го извршиле вештачењето во однос на случајот за којшто расколничката МПЦ го обвинува Архиепископот Јован.

На прашањето до вештакот Илко Петрушевски од страна на адвокатот на одбраната, Васил Георгиев, да одговори пред судот и пред јавноста дали вештачењето покажало дека Архиепископот Јован присвоил средства за себе, судијата Тања Милева изрично му забрани на вештото лице да одговори на поставеното прашањето.

Од денешната судска постапка сосема индикативен се покажа и фактот, што на Архиепископ Јован, којшто сè уште е со видно влошена здравствена состојба, судот воопшто му ги немаше доставено наодите од вештачењето за коешто му бараше да се произнесе.  

Во текот на постапката, вештото лице Илко Петрушевски посочи дека не знае дали и во другите епархии на расколничката МПЦ, книговодството се водело на ист начин како во епархиите каде што Епископ бил Архиепископот Јован, зашто тој, како вештак, од судот добил наредба да спроведе вештачење само таму кадешто раководел Архиепископот Јован. Иако Архиепископот Јован бива обвинет за проневера и во преспанско-пелагониската епархија кадешто не бил надлежен Архиереј, туку викарен Епископ, вештото лице Илко Петрушевски истакна дека не се сеќава дали утврдиле кој имал наредбодавна функција во преспанско-пелагониската епархија, Архиепископот Јован или расколничкиот епископ Петар, додавајќи дека за некои делови од обвинението не е направено вештачење, а за некои тој не бил на лице место. Токму затоа, покрај новото вештачење, неопходно ќе биде судот за сведоци да ги повика: расколничкиот архиепископ Стефан и расколничкиот епископ Петар.

Адвокатот на одбраната, Васко Георгиев, од судијата Тања Милева побара да се изврши ново вештачење, но овојпат тоа да биде во присуство на Архиепископот Јован, така што Архиепископот Јован би ги посетил епархиите на расколничката МПЦ заедно со вешто лице и Јавниот обвинител, при што би им биле дадени на увид и завршните сметки за да бидат утврдени сите релевантни факти, после што Архиепископот Јован би можел да се произнесе пред судот. Со оглед на тоа што првото вештачење е извршено во отсуство на Архиепископот Јован, а во текот на судската постапка се докажа дека биле подметнувани лажни документи (лажната одлука на Димко Миланов), адвокатот Васко Георгиев предочи пред судот дека новото вештачење, во присуство на Архиепископот Јован е негово гарантирано право, и би била доведена веродостојноста на судската постапка доколку би отсуствувало вештачење извршено во присуство на тој што е обвинет.

Неопходно е да се посочи дека судијата Тања Милева, иако во судницата има место, или целосно го забранува присуството на претставници од Православната Охридска Архиепископија, или го ограничува на еден или двајца, иако судењето е од јавен карактер.

Имајќи ги предвид и меѓународните извештаи кои упатуваат на големото влијание на политичките власти во судовите, според горепредочените постапки, судот во Велес остава впечаток дека сака да ја заштити расколничката МПЦ, на којашто очигледно е, дека државата ѝ го штити монополот, преку организирањето на судски процеси против Архиепископот Јован во последниве 10 години, и преку неспроведувањето на новиот закон за регистрирање на верски заедници.

Судењето на Архиепископот Јован го следеа претставници на ОБСЕ и конзулот на Р. Србија во Р. Македонија.

Следното рочиште е закажано за 16 Мај.

]]>
Mon, 07 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120507.html
Судот во Велес ќе престане да ги повикува останатите сведоци во процесот против Архиепископот Јован http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120503.html вести 03.05.2012

Иако при влошена здравствена состојба, судскиот процес против Архиепископот охридски Јован, по тужба на расколничката МПЦ, продолжи на 02 Мај, во Основниот суд во Велес.

За разлика од претходните судења, кога Архиепископот Јован беше ослободуван, овојпат Јавниот обвинител својот напад го втемели и врз Уставот на расколничката МПЦ, а судот тоа го прифати, оставајќи впечаток како на Архиепископот Јован да треба му се суди според Уставот на расколничката МПЦ, а не според законите на Р. Македонија.

Во време кога од различни страни пристигнуваат апели за ослободување на Архиепископот Јован, што воедно претставува и услов за евентуални преговори на МПЦ за нивно враќање во православниот свет, претставникот на расколничката МПЦ, 58-годишниот Димитар Белчовски беше одлучен во ставот дека МПЦ  останува на предлогот за кривично и материјално гонење на Архиепископот Јован.

Архиепископот Јован посочи дека како монах и Епископ, како човек што дал завет за нестекнување, како човек што не формирал свое семејство, секогаш водел сметка само за епархискиот имот, и Епархијата ја оставил во подобра состојба отколку што ја затекнал.  

На судењето, одржано на 02 Мај, дел од сведоците, дадоа различни изјави во однос на претходно дадените (на пр. 53-годишната Фана Ристеска); голем дел од нив изјавија дека, додека работеле со Архиепископот Јован, од ниту една финансиска ревизија од повисоките инстанци немале забелешки на нивното водење на сметководството (на пр. 56-годишниот Миле Штрбевски, 56-годишниот Таки Ристески, 37-годишниот Тони Петрушевски). Други, од сведоците, тврдеа дека Архиепископот Јован не работел правилно, но на прашањето на адвокатот Васил Георгиев, дали тоа неправилно работење го пријавиле, одговорија дека: “никаде не пријавиле”, што според законите и нив ги прави соучесници во тоа за што обвинуваат (на пр. 64-годишниот Стојко Ристовски). Речиси, пак, сите сведоци, на најголемиот дел од прашањата, одговараа со одговорот: “не се сеќавам”, со оглед на фактот дека судот му суди на Архиепископот Јован и за настани што се случиле пред 14 години.

Имајќи го предвид горереченото, судот одби на следните рочишта да ги повикува останатите сведоци и реши да ги чита изјавите што тие ги имаат дадено тогаш кога на Архиепископот Јован му беше пресудено во отсуство, заборавајќи притоа дека претходната пресуда на Архиепископот Јован му е укината и дека овој процес е започнат како сосема нов процес, со изнесување на нови докази. На тој начин на адвокатот Васил Георгиев и на Архиепископот Јован ќе им биде оневозможено, во новиот процес, на сведоците да им поставуваат прашања.

Исто така, неопходно е да се истакне дека дел од новинарите (коишто Фридом Хаус ги именува како “политички назначеници”), продолжија со ширење невистини, накалемувајќи дека Архиепископот Јован: “со пари дадени на рака купил џип марка БМВ” (“Вечер”, бр. 14981), што не е точно, бидејќи такво нешто и таков џип не постои во судскиот процес. Во пропагандната војна, којашто голем број журналисти ја водат против Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија никогаш не се спомнува дека сите купени автомобили, трактори, сето земјиште под концесија, библиотеките, мермерните столбови, зградата “Малина”, црковната економија “Воскресение”, за коишто расколничката МПЦ го обвинува Архиепископот Јован, во ниту еден миг не биле сопственост на Архиепископот Јован, туку и ден денес се наоѓаат во сопственост токму на расколничката МПЦ, заради што Основниот суд во Велес на двапати и го ослободуваше Архиепископот Јован. И, Апелациониот суд во Бугарија, којшто ја одби екстрадицијата на Архиепископот Јован, се чудеше кога виде дека расколничката МПЦ го обвинува дека “ги проневерил” и оние  средства коишто како Епископ им ги исплатил како плати на вработените, “ги проневерил” дури и средствата од веќе платените епархиски сметки за струја и сл.! Токму затоа, Бугарскиот суд го ослободи Архиепископот Јован со образложение дека “финансиските малверзации за коишто го обвинуваат Архиепископот Јован не се ништо друго освен политички прогон врз верска основа”.

Ова судење, коешто се чини дека Основниот суд во Велес го става во позиција на црковен, а не државен суд, продолжува на 07 Мај 2012.

]]>
Thu, 03 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120503.html
Freedom House: Македонија после Косово според слободата на медиумите http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120501.html вести 01.05.2012

Во најновите извештаи на Фридом Хаус, во однос на степенот на слобода на информирање, нашата татковина остана рангирана како делумно слободна земја, со тоа што најновите оцени го посочуваат нејзиниот голем пад и овојпат ја вбројуваат како земја со најмал степен на слобода во споредба со, на пр.: Албанија, Косово, Босна, Црна Гора.

Освен чесните исклучоци, најголемиот дел од домашните журналисти, кога станува збор за Архиепископот охридски Јован и Православната Охридска Архиепископија, скоро по правило  шират говор на омраза, невистини и клевети. Во извештаите на Фридом Хаус отворено се посочува дека „кај повеќето медиуми... политичките интересите влијаат врз нивната содржина“.

Фридом Хаус во повеќе наврати излезе и со став за непочитувањето на верските слободи во нашата земја, како и за спорот со „одметнатата Македонска Православна Црква“, а во нивниот последен извештај недвосмислено се посочува причината поради којашто Архиепископот Јован бива прогонуван од страна на домашното судство, т.е. одлучно се вели дека: „Архиепископот Јован во повеќе наврати е затворан поради своите верски активности“.

Сето ова, заедно со целосното отсуство на објективна и нееднострана јавна дебата на овие горливи теми, придонесува Р. Македонија да биде прогласена за земја со најмалку слобода во регионот, оцена којашто ја оддалечува од цивилизациските европски вредности.

]]>
Tue, 01 May 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/05/20120501.html
Официјална потврда за влошената здравствена состојба на Архиепископот Јован http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120426.html вести 26.04.2012

Судското рочиште против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, коешто по тужба на расколничката МПЦ беше закажано за 26-ти Април во Основниот Суд во Велес, не се одржа. Причината за одложувањето беше влошената здравствена состојба на Архиепископот Јован.

И овој пат се потврди ставот на Freedom House дека поедини журналисти во нашата татковина дејствуваат како „политички назначеници“. По којзнае кој пат ширејќи говор на омраза,  клевети и невистини, дел од журналистите  (Дневник 23.04.2012, Макфакс, 23.04.2012 и др.) на непрофесионален начин и без почитување на основната човечка етика пишуваа дека Архиепископот Јован „го пролонгира судењето“, „купува време“  и други изрази, недолични за спомнување.

Сосема спротивно на горепосоченото, на денешното судско рочиште судијата Тања Милева соопшти дека судот во Велес примил официјална потврда од лекар-специјалист со која се сведочи дека Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован има сериозни проблеми со здравјето и дека му е одредено повеќедневно мирување, после коешто ќе следат и дополнителни прегледи на неговата здравствената состојба.

Во контекст на претходно посоченото и самите власти во Р. Македонија признаваат дека затворите во Р. Македонија се во катастрофално лоша состојба (24 Вести, 25.01.2012). Згора на тоа, при такви околности, Судот во Велес одби ополномоштено лице на Архиепископот Јован да му доставува храна и лекови, а затворската управа и лекари одбиваат да дадат информации за неговата здравствена состојба.

Следното судско рочиште судијата Тања Милева го закажа експресно за 2-ри Мај. Васко Георгиев, адвокат на Архиепископот Јован, соопшти дека претходно сепак ќе треба да се утврди дали здравствената состојба на Архиепископот Јован ќе му дозволи од затворот во Шуто Оризари да дојде во Основниот Суд во Велес.

]]>
Thu, 26 Apr 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120426.html
Судот во Велес свесно го крши правото на Архиепископот Јован да биде суден во негово присуство и со бранител по сопствен избор http://poa-info.org/arhiepiskop/soopstenija/20120425.html архиепископ - соопштенија 25.04.2012

На 23-ти Април, оваа година, беше закажано судско рочиште во однос на случајот што расколничката МПЦ го има покренато против Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован. Но, тој ден Архиепископот Јован не беше доведен во Основниот суд во Велес.

После неодржувањето на споменатото рочиште, низ средствата за информирање следеа многу шпекулации во однос на неговата здравствена состојба, без притоа да се има елементарен културен однос кон личноста за којашто се пишува.

Судијата Тања Милева следното рочиште го закажа за 26-ти Април, оваа година, нагласувајќи дека доколку Архиепископот Јован, па и неговиот адвокат Васко Георгиев, не се појават на закажаниот термин, судењето ќе биде одржано по секоја цена со тоа што таа ќе назначела бранител по службена должност. Со таквата постапка судијата Тања Милева свесно го крши законот за кривична постапка според кој обвинетиот го има правото да биде суден во негово присуство и да се брани лично или со помош на бранител по сопствен избор.

Имајќи предвид дека Архиепископот Јован е затворен според најстрог режим и не е едноставно да се дојде до информација за неговата здравствена состојба, на 24-ти Април, заради загриженоста за неговото здравје во затворот во Шуто Оризари се јавија Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и членови на семејството на Архиепископот Јован, но за жал затворските власти и медицинскиот персонал настапија со став дека не се овластени да даваат информации за здравјето на Архиепископот Јован.

Сепак, Православната Охридска Архиепископија дојде до проверени информации дека Архиепископот Јован има сериозни проблеми со ’рбетниот столб и дека на 24-ти Април бил однесен на преглед кај доктор-специјалист, којшто му определил неколку денови мирување после кои повторно ќе треба да отиде на контрола и снимање на ’рбетниот столб.

Имајќи ги предвид посочениве околности, изгледа дека судот во Велес му забранува на  Архиепископот Јован дури и да се разболи! Притоа, треба да се земе во вид непобитниот факт дека Архиепископот Јован се наоѓа во притвор, та кога човек ќе се разболи во притворот, тој навистина не може да се појави на судското рочиште, а самиот притвор истовремено упатува на тоа дека не е возможно рочиштето да се избегнува.

Судот би требал да ја земе предвид здравствената состојба на Архиепископот Јован, а не да ја повтори истата грешка од минатото, и да продолжи да му суди на Архиепископот Јован во негово отсуство.

]]>
Wed, 25 Apr 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/arhiepiskop/soopstenija/20120425.html
Прослава на празникот Животоприемен извор во Ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“ http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120420.html вести 20.04.2012

Празникот Животоприемен извор, којшто е втора слава на Ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“, во Нижеполе, беше прославен со света Архијерејска Литургија на којашто со благослов на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко, и на свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија, а со учество на верен народ од Битола и околните места.

Овој празник е особено торжествено чествуван во манастирот „Св. Јован Златоуст“ затоа што токму на него му беше посветена црквата чиишто темели во Септември 2004 год., беа осветени од Архиепископот Јован во сослужение на Епископи од канонските православни Цркви на Грција, Бугарија и Р. Македонија, за само еден месец подоцна да биде на вандалски начин срушена од страна на властите на Р. Македонија, а на повеќекратно барање на расколничката МПЦ.

Овој прогон со несмалена жестина се продолжува и денес, поради фактот дека Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован бива држен во притвор спротивно на законите на Р. Македонија, и поради фактот што, преку судот, против него се одвива монтиран политички процес. Покрај продолжениот судски прогон против Архиепископот Јован, државата, на комунистички начин, ја штити и расколничката организација МПЦ, одбивајќи ја регистрацијата на канонската Православна Охридска Архиепископија.

По прочитаното Евангелие, Неговото Преосвештенство Епископот г. Давид му се обрати на верниот народ со пригодна беседа, истовремено пренесувајќи му ги поздравите и благословот од Неговото Блаженство Архиепископот г.г. Јован.

На крајот од богослужбата беше извршен мал водосвет, а по Литургијата, настојателката на манастирот с. Олимпијада со сестринството имаа подготвено послужување за сите верни.

]]>
Fri, 20 Apr 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120420.html
Архиепископот Димитриј со писмо до Државниот Секретар на САД, г-ѓата Хилари Клинтон, побара ослободување на Архиепископот Јован http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120419.html вести → Српски

19.04.2012

Архиепископот на Америка при Константинополската Патријаршија и Претседател на Соборот на Канонските Православни Епископи на Северна и Централна Америка со катедра во Њу Јорк, г.г. Димитриј, упати писмо до Државниот Секретар на САД г-ѓата Хилари Клинтон во коешто ја изрази неговата длабока загриженост за затворањето на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, и побара негово итно ослободување.

Во своето обраќање до Државниот Секретар на САД, г-ѓата Хилари Клинтон, Архиепископот на Америка г.г. Димитриј посочува: „во име на 65-те Јерарси кои припаѓаат на Соборот на канонските православни Епископи во Северна и Јужна Америка би сакал да го свртам Вашето внимание кон навистина тажната ситуација во која се наоѓа Архиепископот Јован охридски”, и додава: „неговото апсење има историја долга неколку години, од времето кога расколничката црква на Бившата Југословенска Република Македонија отпочна прогон на Архиепископот Јован, канонскиот охридски Архиепископ. Црквата на Бившата Југословенска Република Македонија не е призната од ниту една канонска Православна Црква ширум светот и нејзиното основање од страна на внатрешните сили е само уште еден пример на делување кое е спротивно на она што е исправно и на она што приличи, и што е во склад со Канонското право на Православната Црква ширум вселената.”

Архиепископот Димитриј во своето писмо до г-ѓата Хилари Клинтон, уште предочува: “Со членовите на нашиот Собор коишто престојуваат и им служат на православните верници во Соединетите Држави, ние мошне го цениме она што нашата земја го прави ширум светот по прашањето на човековите права, верските слободи и заштитата на човечкото достоинство и сигурност на секоја личност. Архиепископот Јован е неправедно затворен додека се обидувал да ги исполни своите верски задолженија и искрено се надеваме дека нашата Влада ќе се заложи во негово име и ќе бара негово пуштање на слобода.

Длабоко сме Ви благодарни за Вашиот неуморен труд, особено за унапредувањето на верските слободи ширум светот. Како Православни Христијани, најприличниот начин да ја изразиме нашата благодарност е да продолжиме да се молиме за Вас и за сите наши цивилни власти, и да молиме Бог да биде со вас и богато да ги умножи Вашите благородни напори за Америка и за сиот свет”, се зборовите со коишто Архиепископот Димитриј го заокружува својот апел за итно ослободување на Архиепископот Јован, апел упатен до Државниот Секретар на САД, г-ѓата Хилари Клинтон.

]]>
Thu, 19 Apr 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120419.html
Претставник на Светиот Синод на Руската Православна Црква: Архиепископот Јован е жртва на државниот прогон http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120417.html вести 17.04.2012

Како и при изминатите политички судења на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, така и овој пат, претставници на различни помесни православни Цркви, го креваат својот глас за што поскоро ослободување на Архиепископот Јован и прекин на државниот прогон врз верска основа во Р. Македонија.

Претставникот на Синодот на Руската Православна Црква во Германија, свештеникот Андреј Сикоев, како гостин предавач на заседанието на демохристијанската група CDU/CSU, во германскиот парламент, говорејќи за прогонот и дискриминацијата на Христијаните и ставот на Руската Црква во однос на тоа прашање, го сврте вниманието на најновиот немил случај на апсење и затворање на Архиепископот охридски Јован, во Р. Македонија (како што јавува: sobor.de).

Претставникот на Руската Православна Црква посочи дека и покрај трајните протести во неговата земја и во странство, од неоправдани и необјасниви причини,  од Декември минатата година, Архиепископот Јован сеуште се наоѓа во затвор.

Рускиот свештеник особено нагласи дека во позадината на апсењето и затворањето на Архиепископот Јован стојат политички причини.

Свештеникот Сикоев уште потсети на прогонот на Христијаните во Советскиот сојуз, и токму затоа ја истакна улогата на Руската Православна Црква и нејзината одговорност кон Архиепископот Јован и сите сличните жртви и дискриминации на Христијаните во светот.

Свештеникот Сикоев ја искористи приликата и на претседавачката група на социјалдемократите на чело со Франк-Валтер Штајнмаер и задолжениот за верски прашања на групата на либералите д-р Штефан Руперт, да им ја изнесе ситуацијата со Архиепископот Јован и да вложи протест против неговото апсење и затворање.

 

Претседателот на Р. Македонија - МПЦ не е дел од Православието.

Претседателот на Р. Македонија г. Ѓорге Иванов, неодамна, во Цариградската Патријаршија ја даде следнава изјава: “Разговорот со Вселенскиот Патријарх ни дава надеж дека еден ден и нашите верници повторно ќе бидат во заедница со севкупната православна икумена” (Сител 10.04.2012).

Следственo, за секој трезвеномислечки човек, оваа изјава упатува на фактот дека МПЦ е расколничка верска групација, којашто не е дел од Православието и дека само за домашна употреба го краде називот “православна”. Истовремено, непобитно е дека Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија се неоткинлив дел од севкупната православна икумена. Тоа е и единствениот мотив за спроведување на државно-расколничкиот прогон врз Архиепископот Јован, состојба којашто предизвикува парадокс, доколку се земе предвид дека МПЦ допрва сака да стапи во литургиско единство токму со Архиепископот Јован и Православната Охридска Архиепископија, коишто, како што е посочено, веќе се дел од православната икумена.

]]>
Tue, 17 Apr 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120417.html
Пасхата Господова во Православната Охридска Архиепископија http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120415.html вести 15.04.2012

Славното Воскресение на Господа и Спасителот наш Исус Христос, со црковна благоприличност, денес беше прославено во Православната Охридска Архиепископија.

Десетта година по ред верниот народ на Православната Охридска Архиепископија го дочекува Воскресението Христово во околности на државен прогон врз верска основа, заради изразувањето на припадност на Соборната Црква. Десет години пословичните македонски судови во политички монтирани судски процеси му судат на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован. За колкав степен на непочитување на основните верски слободи станува збор, говори фактот што, и покрај сите ослободителни пресуди, и покрај кршењето на законите за определување притвор, судот безмилосно одлучи, Архиепископот г.г. Јован, за Велигден да остане во затворот Шуто Оризари. Верниот народ ги упати своите молитви кон Воскреснатиот Христос за што поскоро отклонување на оваа неправда и за ослободување на Архиепископот г.г. Јован.

Божествени Литургии беа отслужени во сите богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија низ Р. Македонија.

Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Куманово.

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Битола.

Неговото Преосвештенство Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.

Со неизмерна љубов кон гонителите и непријателите на Црквата, на овој велик ден на Воскресението Христово, верниот народ на Православната Охридска Архиепископија ја утврди надежта дека што поскоро ќе биде прекинат начинот на којшто државата го спроведува прогонот кон Православната Охридска Архиепископија, односно ќе биде прекинат судскиот прогон насочен кон Неговото Блаженство Архиепископот охридски г.г. Јован, и дека Православната Охридска Архиепископија конечно ќе ја добие регистрацијата пред судските власти, што претставува загарантирано право во секоја демократска, цивилизирана земја.

Христос Воскресна!

]]>
Sun, 15 Apr 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120415.html
Ново судењето на Архиепископот Јован во Велес. Процесот започнаа да го следат и Епископи од Српската Православна Црква http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120409.html вести → Српски

09.04.2012

На Велики Понеделник, кога започнува неделата на страдањата Христови, кога Христос поаѓа на судење и крст, и кога Црквата си спомнува токму на затворот, на судењето и на распетието, коишто тогашната еврејска синагога му ги приреди на Христа, денес, значи, на Велики Понеделник, овојпат на барање на последниот бастион на комунизмот во Р. Македонија (види тука и тука), т.е. на барање на синедрионот на расколничката МПЦ, започнува и судењето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

На денешното судење во Велес присуствуваа и Епископот шумадиски г. Јован, како претставник на Светиот Синод на СПЦ, Епископот ремезијански г. Андреј, помошен Епископ и претставник на Српскиот Патријарх, како и  Епископите од Православната Охридска Архиепископија: полошко-кумановскиот г. Јоаким, брегалничкиот г. Марко и стобискиот г. Давид.

Расколниците, одговорни за скандалите со Изгрев, Говрлево, со  потрошените милиони долари на изгубени судски спорови во Австралија и да не набројуваме понатаму, денес почнаа да му судат на Архиепископот охридски г.г. Јован за дејствија од пред 14 години, за обвинувања коишто 99,99% веќе се застарени.

Имено, обвинувањата против Архиепископот охридски г.г. Јован целосно застаруваат на 05-ти Јули, оваа година, та ќе биде вџашувачки чудно да се чуе и види како расколничките попови, коишто се пријавуваат за сведоци против Архиепископот охридски г.г. Јован, како, значи, во процесот на испитувањето ќе се сеќаваат на толку детали после толку многу изминато време!

Недвосмислено јасно е дека после сите ослободителни пресуди, со организирањето на ова судење на Архиепископот охридски г.г. Јован, расколниците ја враќаат Р. Македонија во темниот среден век. Неправедното затворање и судење на Архиепископот охридски г.г. Јован спроведено од  пословичната расколничко-судска спрега ги трогнува срцата на луѓето во Црквата и на секој трезвеномислечки човек.

Од друга страна, со ова судење, инволвираните журналисти ќе продолжат да го дефокусираат вниманието на јавноста од вистинските проблеми со коишто се соочува Р. Македонија, практикувајќи притоа говор на омраза, изнесувајќи лаги и клевети против Архиепископот охридски г.г. Јован и Православната Охридска Архиепископија, за, на нив, на журналистите, да се исполнат зборовите од древната мудра изрека: какви што се самите, така гледаат на другите.

Расколниците, пак, одамна имаат заборавено на суштината на православната вера, имаат заборавено и дека оние што судат и самите ќе бидат судени. Своите и себе си одамна се имаат поставено на местото на гонители на Црквата, заборавајќи притоа дека и Ирод ја облеа Јудеја со крв, и Иродијада ја ќари главата на Јован, та се чинеше дека победија, но со тоа засекогаш изгубија.

При сето спомнато, Православните Христијани во нашата татковина остануваат непоколебливо со својот Архиепископ охридски г.г. Јован, и со доверба и надеж во Христа Бога и Пресвета Богородица.

]]>
Mon, 09 Apr 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/04/20120409.html
Започна обновениот судски процес против Архиепископот Јован http://poa-info.org/vesti/2012/03/20120329.html вести → Српски

29.03.2012

Денес, со почеток во 12 часот, во Основниот суд во Велес, по барање на расколничката МПЦ, започна повторното судење на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован.

Заради обезбедување на негово присуство на судскиот процес, на Архиепископот Јован, на 17 Февруари 2012 год., му беше одреден притвор во затворот Шутка, иако за делото за коешто му се суди, според законот на Р. Македонија не се предвидува мерката притвор.

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г.  Јован беше спроведен во Основниот суд во Велес, со лисици на рацете. На почетокот од постапката, г. Васко Георгиев, адвокат на Архиепископот Јован, го изнесе фактот дека судот воопшто не упатил покана за судење до Архиепископот Јован и побара одложување на судскиот процес, за Архиепископот Јован да дознае кога ќе биде закажано следното судење и да има време да ја подготви својата одбрана. Неупатувањето на покана до Архиепископот Јован од страна на судот, претставува тенденциозен момент, имајќи предвид дека тоа подразбира доведување на судење, без притоа на обвинетиот да му се даде можност да ја подготви својата одбрана.

Со оглед на извештаите на меѓународната заедница, кадешто се наведува дека македонските судови подлежат на политички притисоци и корупција, и нивната реформа е првиот услов за влез на Р. Македонија во Европската Унија, пред домашната и меѓународната јавност го изразуваме стравувањето дека судскиот процес против Архиепископот Јован ќе продолжи да биде политички монтирано судење. Во прилог на реченото посочуваме дека за ова обвинение од страна на расколничката МПЦ, Архиепископот Јован еднаш веќе беше осуден од македонските судови, но токму за истиот тој процес од страна на Апелациониот суд на земјата членка на Европската Унија, Р. Бугарија, тој беше ослободен со образложение дека “судењето и финансиските малверзации за коишто го обвинуваат Архиепископот Јован, не претставуваат ништо друго освен политички монтиран процес врз верска основа.”

]]>
Thu, 29 Mar 2012 00:00:00 +0100 http://poa-info.org/vesti/2012/03/20120329.html