Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
 

Вести


 

Синаксар


 

Издаваштво


Прашања, одговори
и коментари


 

Врски


 

Видео и аудио записи


 

Архиепископ


Свет
Архиерејски
Синод


 

Историја


 

Организација
и адреси


 

Библиотека




English Version

1000 години Охридска Архиепископија

Омилија на Архиепископот Јован на прославата на јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

1100 години Свети Климент Охридски

Омилија на Архиепископот Јован на прославата на 1100 години од блаженото упокоение на Свети Климент Охридски


Соборност
RSS  rss
YouTube  YouTube


рубрика: вести

26.11.2022

Празникот на светиот Јован Златоуст, кој е именден на Архиепископот Јован, а воедно и слава на ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“ во Битола, беше торжествено прославен со сеноќно бдение.

На бдението началствуваше Неговото Преосвештенство Епископот новобрдски г. Иларион од Српската Православна Црква, во молитвено присуство на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, и Преосвештените Епископи: брегалничкиот и Местобљустител битолски г. Марко и стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид.

На светата Архиерејска Литургија началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски г.г. Јован, а после прочитаното Евангелие, на верниот народ со вдахновена беседа му се обрати Епископот новобрдски г. Иларион.

На крајот на богослужбата, Архиепископот Јован имаше пригодно празнично обраќање, по што за сите присутни беше приготвено послужување.

Со двата хора раководеа певците од хорот Мојсеј Петровиќ од Белград со протопсалтот Никола Попмихајлов.


рубрика: вести

25.11.2022

На 24 и 25 Ноември, во градот Катерини, Грција, свечено беше прославен празникот на Св. Вмч-ка Екатерина, по која градот го носи името и која е заштитничка на Катерини.

На покана од Митрополитот на Китрус, Катерини и Платамона г. Георгиј на литургиската прослава учествуваше и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид од Православната Охридска Архиепископија.

На 24 Ноември, на вечерната богослужба началствуваше Епископот рогонски г. Филотеј, како претставник на Архиепископот атински г. Јероним, во молитвено присуство на Архиереји, потоа претставници на власта и броен народ.

Следниот ден, на 25 Ноември, на светата Архиерејска Литургија началствуваше Митрополитот на Идра, Спецон и Егина г. Ефрем во сослужување на Митрополитот на Кефалонија г. Димитриј, Епископот рогонски г . Филотеј, Епископот стобиски г. Давид и домаќинот Митрополитот на Китрус, Катерини и Платамона г. Георгиј.

После Литургијата, беше направена свечена литија низ градот со молебен на плоштадот, пред зградата на општината.


рубрика: вести

22.11.2022

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован богослужеше во параклисот Свети Нектариј Егински, на денот на храмовата слава. Нему му сослужуваше светогорскиот духовник, о. Теологос, свештенството на параклисот, како и свештенослужители од други епархии на Православната Охридска Архиепископија.

На навечерието на празникот беше отслужена празнична Вечерна служба, а на самиот ден на празникот, Архиепископот Јован служеше Божествена Литургија. По прочитаното Евангелие, Неговото Блаженство му се обрати на насобраниот народ со вдахновена беседа, во која го нагласи значењето на единството на Црквата.

На крајот на Литургијата Архиепископот Јован го благослови празничното коливо.

По службата, верните имаа можност да поразговараат на духовни и на актуелни теми, со Блаженејшиот Архиепископ Јован и со светогорскиот духовник о. Теологос.


рубрика: вести

20.11.2022

На 19 ноември, сабота, во соборниот храм Свети Архангел Михаил, во Белград, се изврши свечениот чина на наречение на високодостојниот архимандрит Иларион, игумен на манастирот Драганац, кај Гњилане, за Епископ новобрдски.

Утредента, во недела, 20 ноември, во спомен-храмот Свети Сава, во Белград на светата Архијерејска Литургија беше извршено ракополагањето на архимандритот Иларион во чин Епископ, со титула новобрдски, како викар на Патријархот српски.

На Литургијата началствуваше Неговата Светсот Патријархот српски г.г. Порфириј, во сослужување со Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Преосвештениот Епископ стобиски г. Давид, од Православната Охридска Архиепископија, заедно со Високопреосвештениот Митрополит црногорско-приморски г. Јоаникиј и преосвештените епископи: бачкиот г. Иринеј, шумадискиот г. Јован, браничевскиот г. Игнатиј, милешевскиот г. Атанасиј, рашко-призренскиот г. Теодосиј, славонскиот г. Јован, тимочкиот г. Иларион, нишкиот г. Арсениј, ваљевскиот г. Исихиј, захумоско-херцеговачкиот г. Димитриј, шабачкиот г. Јеротеј, ремезијанскиот г. Стефан, мохачкиот г. Дамаскин, марчанскиот г. Сава и хвостанскиот г. Алексеј од Српската Православна Црква.


рубрика: свет архиерејски синод\службен билтен

→ српски

17.11.2022

Информирани од Поштенската управа дека за пратката која ја испративме до ѓаконот Еразмо (Бранковски) од Куманово RC041665402MK,  во која се наоѓаше писмениот Укор кој го доби од надлежниот архиереј на 24 Октомври 2022 г., истиот е известен, но не сакал да ја прими, Укорот со сите прилози го објавуваме во Службениот билтен на Православната Охридска Архиепископија кој има само интернет издание.

Укор за ѓаконот Еразмо Бранковски

Прилог 1

Прилог 2а

Прилог 2б

Прилог 3

Прилог 4



рубрика: вести

13.11.2022

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован сослужуваше на Светата Архијерејска Литургија во спомен-храмот Свети Сава, во Белград, на која началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј и на која високодостојниот архимандрит Алексеј (Богичевиќ) беше ракоположен во епископски чин, со титула хвостански, како викар на српскиот Патријарх.

На Литургијата сослужуваше и Преосвештениот епископ брегалнички г. Марко од Православната Охридска Архиепископија заедно со архијереите: Високопреосвештениот Митрополит брегалнички г. Иларион од Македонската Православна Црква – Орхидска Архиепископија, Преосвештените епископи: банатски г. Никанор, бачки г. Иринеј, врањски г. Пахомиј, шумадиски г. Јован, браничевски г. Игнатиј, зворничко-тузлански г. Фотиј, милешевски г. Атанасиј, горњокарловачки г. Герасим, крушевачки г. Давид, славонски г. Јован, бихачко-петровачки г. Сергиј, нишки г. Арсениј, осјечкопољски и барањски г. Херувим, ваљевски г. Исихиј, и викарните Епископи: ремезијанскиот г. Стефан и марчанскиот г. Сава, од Српската Православна Црква.

Сослужуваше многубројно свештенство од разни епархии на Српската Православна Црква, а покрај многубројниот благочестив верен народ, на свечената богослужба присуствуваа и директорот на Управата за соработка со црквите и верските заедници на владата на Р. Србија, Д-р Владимир Рогановиќ и мноштво угледни личности од културниот и научниот живот на српската престолнина.


рубрика: вести

06.11.2022

Во дваесет и првата недела по Педесетница Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

30.10.2022

Во неделата, на 30-ти Октомври 2022 год., се навршија две години од упокоението на Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј. По тој повод, во Соборниот храм „Воскресение Христово”, во Подгорица, Црна Гора, беше служена света Архиерејска Литургија на која началствуваше Митрополитот црногорско-приморски г. Јоаникиј. Нему му сослужуваа: Архиепископот михаловско-кошички г. Георгиј од Православната Црква на Чешките земји и Словачка, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко од Православната Охридска Архиепископија, како и Епископите од Српската Православна Црква: рашко-призренскиот г. Теодосиј, пакрачко-славонскиот г. Јован, бихачко-петровачкиот г. Сергиј, будимљанско-никшичкиот г. Методиј, захумско-херцеговачкиот г. Димитриј и повеќе свештенослужители од Света Гора и од Српската Православна Црква.

По Литургијата беше отслужен помен за блаженоупокоениот Митрополит Амфилохиј, чие тело е положено во криптата на храмот.

Истиот ден, во навечерието на празникот на Светиот Апостол и Евангелист Лука и на Светиот Петар Цетински, во цетинската света обител беше служена празнична вечерна богослужба. На вечерната, по благослов на Митрополитот г. Јоаникиј, началствуваше Епископот г. Марко.

Следниот ден, на 31 Октомври, на светата Литургија, којашто се служеше во Цетинскиот манастир, началствуваше Митрополитот црногорско-приморски г. Јоаникиј, а му сослужуваа: Архиепископот михаловско-кошички г. Георгиј, и Епископите: милешевскиот г. Атанасиј, рашко-призренскиот г. Теодосиј, пакрачко-славонскиот г. Јован, бихачко-петровачкиот г. Сергеј и захумско-херцеговачкиот г. Димитриј. Од Православната Охридска Архиепископија, пак, сослужуваа Епископите: полошко-кумановскиот г. Јоаким и брегалничкиот г. Марко. На крајот од Литургијата беше благословено коливо и прекршен славскиот колач.

По завршувањето на Литургијата, во Богословијата, во близина на манастирот, којашто и го прославуваше својот патрон, Свети Петар Цетински, за сите гости беше приредена свечена трпеза.


рубрика: вести

30.10.2022

Во дваесеттата недела по Педесетница Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Јован отслужи помен за г. Аргир Вранишкоски, неговиот татко по тело, кој се упокои на денешен ден пред 17 години, кога Архиепископот Јован беше во затвор.


рубрика: вести

23.10.2022

Во неделата на Светите Отци на Седмиот вселенски собор Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: свет архиерејски синод\службен билтен

Заради подолго време недостапност на ѓаконот Еразмо Бранковски од Куманово, повеќе од четири месеци, поточно заради намерно негово неодговарање на телефонските повици како лично од надлежниот Архиереј, така и од персоналот на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска,  на  овој начин, преку гласилото на Службениот билтен на Православната Охридска Архиепископија, го повикуваме гореименуваниот ѓакон да се јави во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола да го подигне Укорот со кој нему му е изречена дисциплинска казна согласно чл. 54 од Уставот на Православната Охридска Архиепископија.


рубрика: вести

16.10.2022

Во осумнаесеттата недела по Педесетница Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

14.10.2022

Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј беше востоличен на 14 Октомври 2022, на празникот Покров на Пресвета Богородица, во тронот на Архиепископите пеќки и Патријарсите српски.

На Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј, кој началствуваше на Светата Литургија во древниот манастир на Пеќката Патријаршија, му сослужуваа Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Преосвештените Епископи брегалнички г. Марко и стобиски г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, како и Високопреосвештените Митрополити: дабробосанскиот г. Хризостом, црногорско-приморскиот г. Јоаникиј, будимпештанскиот и унгарски г. Иларион од Московската Патријаршија и преспанско-пелагонискиот г. Петар од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија; Преосвештените Епископи: сремски г. Василиј, будимски г. Лукијан, бачки г. Иринеј, жички г. Јустин, врањски г. Пахомиј, шумадиски г. Јован, зворничко-тузлански г. Фотиј, милешевски г. Атанасиј, дизелдорфски и германски г. Григориј, рашко-призренски г. Теодосиј, западноамерикански г. Максим, горњокарловачки г. Герасим, источноамерикански г. Иринеј, крушевачки г. Давид, славонски г. Јован, австриско-швајцарски г. Андреј, нишки г. Арсениј, далматински г. Никодим, осјечкопољски и барањски г. Херувим, ваљевски г. Исихиј, шабачки г. Јеротеј, западноевропски г. Јустин, ремезијански г. Стефан, мохачки г. Дамаскин и марчански г. Сава од Српската Православна Црква.

На крајот на торжествената богослужба, беше извршен свечениот чин на востоличување на Неговата Светост г.г. Порфириј во тронот на Архиепископите пеќки и Патријарси српски. Синодскиот акт за воведувањето на Патријархот г.г. Порфириј во тронот на пеќките Архиепископи и српските Патријарси го прочита Преосвештениот Епископ зворничко-тузлански г. Фотиј, член на Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква.

Патријархот г.г. Порфириј во древниот пеќки трон го воведоа Високопреосвештените Митрополити дабробосански г. Хризостом и црногорско-приморски г. Јоаникиј, кои на Неговата Светост, во таа пригода, му ги врачија патријаршиските инсигнии.


рубрика: вести

09.10.2022

Во седумнаесеттата недела по Педесетница Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

04.10.2022

Во Врањската епархија, во Р. Србија, беше свечено одбележен јубилејот – 690 години на манастирот Св. Никола и 104 години од ослободувањето на градот Врање во Првата светска војна.

На Литургиското собрание во портата на манастирот Св. Никола началствуваше пратеникот на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј – Преосветениот епископ нишки г. Арсениј, во сослужување со архијереи од Православната Охридска Архиепскопија: Преосвештените Епископи брегалнички г. Марко и стобиски г. Давид, архијереи од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Високопреосвештените Митрополити брегалнички г. Иларион и кумановско-осоговски г. Григориј, и Преосвештените Епископи на Српската Православна Црква: бихачко-петровачкиот г. Сергиј, осјечкопољскиот и барањски г. Херувим, ваљевскиот г. Исихиј и домаќинот – врањскиот г. Пахомиј.

По Литургијата, архијереите и верниот народ отидоа до спомен костурницата каде се погребани постраданите во Првата светска војна, од градот Врање и околината. Беше извршено осветување на костурницата, беше отслужен парастос за постраданите и беше прекршен славскиот колач.

Обележувањето на овој јубилеј заврши со свечена академија во портата на манастирот Св. Никола, во присуство на високи црковни и државни званичници.


рубрика: вести

03.10.2022

На 2 Октомври 2022, недела, на светата архијерејска Литургија која беше служена во дворот на Соборниот храм во Нови Сад, на која началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г.г. Порфириј, во сослужение со многубројни архијереи на Српската Православна Црква и на сестринските помесни Цркви, беше извршен свечениот чин на канонизација на свети Иринеј (Ќириќ), епископ бачки, исповедник, на верата, и на светите бачки маченици.

На Неговата Светост му сослужуваше Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован заедно со Митрополитот аркадиски г. Василиј од Антиохијската Патријаршија, Митрополитот будимпештански и унгарски г. Иларион од Руската Православна Црква, Митрополитот на Крф г. Нектариј од Православната Црква на Грција, Архиепископот михаловско-кошички г. Георгиј до Православната Црква на Чешките земји и Словачка, Митрополитите преспанско-пелагониски г. Петар, дебарско-кичевски г. Тимотеј и повардарски г. Агатангел, од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепскопија, Епископите: брегалнички г. Марко и стобиски г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, и сремскиот г. Василиј, будимскиот г. Лукијан, банатскиот г. Никанор, бачкиот г. Иринеј, британско-скандинавскиот г. Доситеј, врањскиот г. Пахомиј, шумадискиот г. Јован, браничевскиот г. Игнатиј, зворничко-тузланскиот г. Фотиј, милешевскиот г. Атанасиј, горњокарловачкиот г. Герасим, крушевачкиот г. Давид, славонскиот г. Јован, бихачко-петровачкиот г. Сергиј, тимочкиот г. Иларион, нишкиот г. Арсениј, далматинскиот г. Никодим, осјечкопољскиот и барањски г. Херувим, ваљевскиот г. Исихиј, шабачкиот г. Јеротеј, ремезијанскиот г. Стефан, хвостанскиот г. Јустин, мохачкиот г. Дамаскин, марчанскиот г. Сава, и вомировените Епископи: зворничко-тузланскиот г. Василиј, средноевропскиот г. Константин, канадскиот г. Георгиј и милешевскиот г. Филарет од Српската Православна Црква.

На Литургијата беше прочитана одлуката на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква за прибројување на бачките маченици и на епископот Иринеј (Ќириќ) во ликот на светителите, по што беше отпеан тропар за мачениците и беа претставени иконите на новопрославените светители.

© православна охридска архиепископија 2004-2022