Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
 

Вести


 

Синаксар


 

Издаваштво


Прашања, одговори
и коментари


 

Врски


 

Видео и аудио записи


 

Архиепископ


Свет
Архиерејски
Синод


 

Историја


 

Организација
и адреси


 

Библиотека




English Version

Современите Прогони на Православната Црква: Македонскиот раскол

Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј: Никој од МПЦ не бара да стане српска или грчка црква, туку од расколот да се врати во канонска состојба


RSS  rss
FaceBook  FaceBook
Twitter  Twitter
YouTube  YouTube


рубрика: вести

27.09.2016

На празникот Воздвижение на чесниот крст, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

25.09.2016

Неговото Блаженство Патријархот јерусалимски и на цела Палестина г.г. Теофил III, во сослужение на Неговата Светост Патријархот српски г.г. Иринеј, Неговото Блаженство Архиепископот на Тирана и цела Албанија г.г. Анастасиј, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и претставници од сите помесни православни Цркви, на 25 Септември 2016 год., го освети соборниот храм посветен на светиот Јован Владимир, во Бар, Црна Гора, и во него отслужи света Архијерејска Литургија.

На Литургијата сослужуваа и Архијереите од Православната Охридска Архиепископија, Нивните Преосвештенства Епископите: полошко-кумановскиот и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, брегалничкиот и Местобљустител битолски г. Марко и стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид.

Во храмот и пред самиот храм се наоѓаа повеќе илјади православни верници, коишто молитвено учествуваа во светата Литургија.

На Литургијата пригодни беседи изрекоа Патријархот јерусалимски г.г. Теофил и Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј.

После Литургијата беше приредена свечена трпеза со пригодна програма, во состав на која, на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован свечено му беше доделен орденот на светиот Јован Владимир, при што Митрополитот црногорско-приморски г. Амфилохиј пред бројниот народ истакна дека на Архиепископот охридски г.г. Јован орденот му се доделува заради сведочењето на единството и соборноста на Црквата, за коишто поднесува мачеништво, затвори и судења, подобно на светиот Јован Владимир.

Пред осветувањето на храмот, значи, во навечерието на празникот, на 24 Септември, претходеше свечена академија на просторот пред самиот храм, кадешто беше прикажан филм за светиот Јован Владимир, а на академијата настапија црковниот хор од Елбасан, Албанија, потоа Никос и Григориос Стратакис од Грција, етно-групата „Баклава“ од Македонија, црковниот хор „Свети Наум Охридски“ од Бугарија и други изведувачи од различни земји.


рубрика: вести

21.09.2016

На празникот Рождество на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

→ English

→ Ελληικά

→ Српски

20.09.2016

Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован избран е за почесен доктор на Народниот и Каподистриски универзитет во Атина, а на предлог на Теолошкиот факултет во Атина, за богатото академско дело, но и за неговата жртва за единството на Црквата.

Пред Генералното собрание на Теолошкиот факултет, реферат за делото на Архиепископот охридски Јован поднеле професорите: Митрополитот Авиду  г. К. Катерелу, професорот г. Е. Карагеоргуди и претседателот на одделот Сотириос Деспотис.

Промоцијата на почесниот докторат ќе се изврши свечената сала на Народниот и Каподистриски универзитет во Атина во Мај, следната година.

На таа свеченост Архиепископот Јован ќе одржи омилија.


рубрика: вести

17.09.2016

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и Неговото Високопреосвештенство Архиепископот цетињски и Митрополит црногорско-приморски г. Амфилохиј ја осветија крстилницата во соборниот храм „Св. Јован Владимир“, во Бар, Црна Гора, и потоа во неа отслужија Света Архиерејска Литургија.

На богослужењето беа присутни и молитвено учествуваа викарниот Епископ диоклијски г. Кирил и умировениот Епископ захумско-херцеговски г. Атанасиј, како и учесниците на меѓународниот научен симпозиум за светиот Јован Владимир.

Во текот на службата беше извршено соборно крштевање на деца и возрасни.

На Литургијата началствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Јован, кој беседеше по прочитаното Евангелие, говорејќи за обединувачката улога на светиот Јован Владимир. Архиепископот Јован истакна дека сите балкански народи го сметаат свети Јован Владимир за свој светител, што е точно бидејќи тој му припаѓа на Царството Божјо, а кога некој му припаѓа на Царството Божјо, тој им припаѓа на сите.

На крајот на Литургијата на верниот народ му се обрати Митрополитот Амфилохиј, кој рече дека присуството на Архиепископот охридски Јован во Црна Гора претставува посебен благослов, бидејќи таа територија во времето на светиот Јован Владимир канонски ѝ припаѓала на Охридската Архиепископија, а, еве, денес наследникот на великите охридски Архиепископи принесе бескрвна жртва на Бога и ја освети крстилницата.


рубрика: вести

15.09.2016

Во Бар, Црна Гора, се одржува научен симпозиум на тема „Светиот Јован Владимир низ вековите“. На овој научен собир учествуваат околу 50 научници од девет држави, а соборот свечено беше отворен денес од страна на Архиепископот цетињски и Митрополит црногорско-приморски г. Амфилохиј.

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митополит скопски г.г. Јован е претседател на научниот одбор, но и еден од учесниците во научната конференција. Неговото излагање беше во првата сесија од првиот ден на конференцијата, а на тема: „Кој бил архиепископ охридски во времето на погубувањето на Јован Владимир?” Во првиот дел од излагањето Архиепископот Јован се задржа на анализа на изворите кои ги споменуваат бугарските патријарси и охридските архиепископи во тоа време, во вториот направи историска анализа на тие извори во контекст на богат научен апарат и со многу референци, а во третиот дел кој привлече и најголемо внимание се занимаваше со еклисиолошкиот контекст на поистоветување на Бугарската Патријаршија со Охридската Архиепископија. Иако непобитен е историскиот факт на поистоветување на Бугарската Патријаршија од Првото бугарско царство со Охридската Архиепископија, низ досега познатата библиографија не е познато дека некој се занимавал со еклисиолошко толкување на таквото поистоветување. Затоа излагањето на Архиепископот Јован привлече огромен интерес и предизвика најдолга дискусија. 

Научниот собир продолжува и во наредните два дена.


рубрика: вести

11.09.2016

Во дванаесеттата недела по Педесетница, кога се слави и споменот на отсекувањето на главата на Св. Јован Претеча и Крстител, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

04.09.2016

Во единаесеттата недела по Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

→ English

30.08.2016

За денес беше закажано судско рочиште на најновиот политички монтиран судски прогон, којшто се спроведува врз Архиепископот охридски Јован, двајца Епископи, свештенство, монаштво и припадници на Православната Охридска Архиепископија.

Иако, сите неправедно обвинети, како и секогаш, уредно се појавија во скопскиот суд, сепак, судското рочиште не се одржа! Имено, судијата ги извести неправедно обвинетите дека јавната обвинителка утрово му се јавила преку телефон и му рекла дека нема да дојде на судењето (sic!), коешто беше закажано уште од месец Јуни. Истовремено, судијата не нашол за потребно да го информира адвокатот на неправедно обвинетите, за тие преку него да бидат информирани да не се изложуваат на малтретирањето - без потреба да доаѓаат на суд!

Не е првпат јавната обвинителка во последен миг да не се појавува на претходно уредно закажаните рочишта, без притоа благовремено да го извести судот, или, пак, да испрати заменик јавен обвинител! Судијата го толерира ваквото неодговорно и непрофесионално однесување на јавната обвинителка, со што врши своевидна тортура врз неправедно обвинетите. Во што се состои судската тортура? Судскиот процес се одолговлекува до бескрај, со што во многу сегменти им се отежнува животот на неправедно обвинетите, а згора на тоа, помеѓу неправедно обвинетите има стари и изнемоштени лица, кои патуваат до Скопје од разни делови на татковината, само за судијата да им каже дека судењето нема да се одржи…

На прашањето: зошто судијата во содејство со јавната обвинителка има полза до бескрај да го одолговлекува овој судски процес?, оставаме сами да си одговорат трезвеномислечите читатели, коишто се кадарни да расудуваат.

Државниот прогон врз верска основа против Православната Охридска Архиепископија продолжува! Следното рочиште е закажано во Октомври.


рубрика: вести

28.08.2016

За Пасхата на летото, како што уште во православното Христијанство се нарекува големиот празник на Успението Богородично, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован богослужеше во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“, во близината на Скопје. На Архиепископот охридски Јован му сослужуваа Нивните Преосвештенства, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и Епископот стобиски и Местобљустител струмички г. Давид, како и свештенослужители од Православната Охридска Архиепископија и Рашко-призренската Епископија.

После прочитаното евангелско чтение, Архиепископот охридски Јован со вдахновена беседа му се обрати на народот, којшто се беше собрал да заедничари во божествената Евхаристија.

Откако заврши светата Литургија, од страна на сестринството, коешто го празнува Успението Богородично како манастирска слава, за присутните беше подготвена трпеза. Потоа, во придружба на кавали, беа изведени и изворни, домашни песни.


рубрика: вести

27.08.2016

На навечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, богослужеше и проповедаше на големата и свечена Вечерна по повод храмовиот празник на Манастирот ,,Успение на Пресвета Богородица“ во Старо Лагово – Прилеп.


рубрика: вести

26.08.2016

На оддание на Преображение Христово и денот на преносот на моштите на Св. Максим Исповедник, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во параклисот посветен на Св. Максим Исповедник во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

19.08.2016

На празникот Преображение на Господ и Бог и Спасителот наш Исус Христос, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола. Пред крајот на Литургијата го благослови предложеното грозје.


рубрика: вести

07.08.2016

Во саботата, на 6 Август, во Соборниот храм „Св. Архангел Михаил“, во Белград, беше отслужено свечено бдение на коешто му претходеше наречението на високодостојниот архимандрит Силуан (Мракиќ).

Следниот ден, на празникот на Успението на света Ана, на 7 Август 2016, во истиот храм, беше отслужена Света Архијерејска Литургија на којашто беше извршена хиротонијата на новоизбраниот и наречениот Епископ австралиско-новозеландски г. Силуан.

На Литургијата, на Неговата Светост Патријархот Иринеј му сослужуваа Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и повеќе Архијереи и свештенослужители на Српската Православна Црква.


рубрика: вести

31.07.2016

Во саботатаm на 30 Јули, во Соборниот храм на Воскресението Христово во Подгорица, Р. Црна Гора, беше отслужено свечено бдение, на коешто му претходеше наречението на високодостојниот архимандрит Кирил (Бојовиќ) за Епископ диоклиски.

На покана на Неговото Високопреосвештенство Архиепископот цетињски и Митрополит црногорско-приморски г. Амфилохиј, во службите на наречението и светата Литургија учество зема и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован. 

Следниот ден, на 31 Јули, на светата Литургија на која началствуваше Неговата Светост Патријархот српски г. г. Иринеј, во Соборниот храм на Воскресението Христово во Подгорица, во Епископски чин беше ракоположен новоизбраниот и наречениот Епископ диоклиски г. Кирил.

На Литургијата на Неговата Светост му сослужуваа и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, Неговото Високопреосвештенство Архиепископот цетињски и Митрополит црногорско-приморски г. Амфилохиј како и Епископите британско-скандинавскиот г. Доситеј, далматинскиот  г. Фотиј, будимљанско-никшичкиот г. Јоаникиј, захумско-херцеговачкиот г. Григориј, полошко-кумановскиот г. Јоаким, рашко-призренскиот г. Теодосиј, пакрачко-славонскиот г. Јован, франкфуртскиот г. Сергиј, јегарскиот г. Јероним, како и многубројно свештенство и свештеномонаштво.

© православна охридска архиепископија 2004-2016
http://spc.rs - Српска Православна Црква Orthodox Christianity.ru www.kolivart.com - интернет каталог на манастирот Успение Богородично
wap презентација - www.poa-info.org/wap