Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
 

Вести


 

Синаксар


 

Издаваштво


Прашања, одговори
и коментари


 

Врски


 

Видео и аудио записи


 

Архиепископ


Свет
Архиерејски
Синод


 

Историја


 

Организација
и адреси


 

Библиотека




English Version

1000 години Охридска Архиепископија

Омилија на Архиепископот Јован на прославата на јубилејот 1000 години Охридска Архиепископија

1100 години Свети Климент Охридски

Омилија на Архиепископот Јован на прославата на 1100 години од блаженото упокоение на Свети Климент Охридски


Соборност
RSS  rss
YouTube  YouTube


рубрика: вести

05.06.2023

На Денот на Светиот Дух, понеделникот по Педесетница, во катедралниот храм „Св. Софија“, во Охрид, беше отслужена Света Архијерејска Литургија на која началствуваше Неговата Светост Архиепископот пеќски, Митрополит белградско-карловачки и Патријарх српски г.г. Порфириј. Нему му сослужуваше Неговото Блаженство Митрополит скопски, Архиепископ охридски и македонски и на Прва Јустинијана г.г. Стефан, заедно со Високопреосвештените Митрополити дебарско-кичевски г. Тимотеј, преспанско-пелагониски г. Петар, брегалнички г. Иларион и кумановско-осоговски г. Григориј од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, и Преосвештените епископи нишки г. Арсениј, марчански г. Сава и топлички г. Петар од Српската Првославна Црква и Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким од Православната Охридска Архиепископија.

На богослужбата молитвено беа присутни Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, Преосвештените епископи брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко и стобиски и Местобљустител струмички г. Давид од Православната Охридска Архиепископија, како и Високопреосвештените Митрополити европски г. Пимен и тетовско-гостиварски г. Јосиф и поранешниот Митрополит кумановско-осоговски г. Јосиф, и Преосвештените Епископи хераклејски г. Климент и стобиски г. Јаков од Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија.

На овој ден се одбележува една година од доделувањето на Томосот за автокефалија на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија од страна на Српската Православна Црква.

После дописите кои треба да стигнат од страна на Српската Православна Црква, на закажаната седница на Светиот Архијерејски Синод на МПЦ-ОА, на 20 Јуни, ќе се заврши процесот на интегрирање на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија и Православната Охридска Архиепископија, чии Архијереи ќе добијат нови титули.


рубрика: вести



04.06.2023

На празникот Педесетница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По Литургијата беше отслужена и Вечерната на празникот со коленоприклоненијата.


рубрика: вести



03.06.2023

На Задушница, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован присуствуваше на Литургијата во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.

По Литургијата Неговото Блаженство отслужи помен за упокоените.


рубрика: вести

28.05.2023

Во неделата на светите Отци на Првиот Вселенски Собор, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.


рубрика: вести

25.05.2023

На празникот Вознесение Христово, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

21.05.2023

Во Неделата на слепиот, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.


рубрика: свет архиерејски синод\соопштенија

20.05.2023

Во соопштението за јавност на Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква, кој се одржа од 14 до 20 Мај 2023 година во храмот Св. Сава, во Белград, помеѓу останатото, истакнато е и следново:

На годинешново заседание на Светиот Архијерејски Собор особено внимание е посветено на темата на конечното решавање на канонскиот статус на Архијереите на Православната Охридска Архиепископија, во светлина на минатогодишната одлука на Светиот Архијерејски Синод за враќање во канонски статус и воспоставување литургиско единство – и последователната одлука за доделување на Томос за автокефалија – на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија. За таа цел, Соборот ја донесе одлуката за доделување на канонски отпуст на Јерархијата на оваа автономна Црква од страна на Српската Православна Црква и нејзино интегрирање во Синодот на Македонската Православна Црква во склад со свештените канони и Уставите на нашите две помесни Цркви, како и со претходнопостигнатиот договор на Синодите на сите три црквени структури.

Целосниот текст на соопштението на следнава врска: https://spc.rs/saopstenje-za-javnost-svetog-arhijerejskog-sabora-srpske-pravoslavne-crkve-2/


рубрика: вести

13.05.2023

На саботата од четвртата седмица по Пасха, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола. Нему му сослужуваше светогорскиот духовник о. Теологос.

По Литургијата, Архиепископот Јован изврши помен на упокоениот татко по тело на настојателката на манастирот, с. Магдалина, г. Љупчо Ицов.


рубрика: вести

08.05.2023

Во брегалничката Епископија, во параклисот посветен на светиот Николај Мирликијски, свечено беше прославен празникот на светиот Апостол и Евангелист Марко, којшто Преосвештениот Епископ брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко го чествува како свој именден.

На навечерието на празникот, со доксологија беше пречекан Блаженејшиот Архиепископ охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, којшто началствуваше на вечерната богослужба и го благослови петолебието.

Утредента на самиот празник, беше служена света архијерејска Литургија, на која началствуваше Епископот брегалнички г. Марко. Нему му сослужуваа Преосвештените Епископи полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким и стобискиот и Местобљустител струмички г. Давид, заедно со свештенослужители од повеќе Епископии на Православната Охридска Архиепископија.

На Литургијата молитвено присуствуваше и Архиепископот охридски г.г. Јован, којшто, после  прочитаното Евангелие, произнесе вдахновена беседа.

На крајот од Литургијата, Епископот домаќин г. Марко, им се заблагодари на Блаженејшиот Архиепископ Јован и на сите присутни.

Великолепието на богослужбите беше зголемено со учеството на црковните појци од хорот „Мојсије Петровиќ“, од Белград.

По Литургијата, за сите присутни беше приготвена трпеза.


рубрика: вести

07.05.2023

Во неделата на раслабениот, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

30.04.2023

Во неделата на Мироносиците, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

23.04.2023

На Томина недела, Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован присуствуваше на Литургијата и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.


рубрика: вести

21.04.2023

На празникот на Живоприемниот извор, кој е втора слава на Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“, во Битола, Неговото  Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован началствуваше на Светата архијерејска Литургија во овој манастир. Нему му сослужуваше Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким, кој го изврши благословувањето на Петолебието.

На Светата Литургија, покрај свештенството на Православната Охридска Архиепископија, сослужуваше и пречесниот протојереј-ставрофор о. Јован Милановиќ, ректорот на богословијата „Свети Арсениј“, во Сремски Карловци, Србија, кој со учениците на оваа богословија го посетија Ставропигијалниот манастир „Свети Јован Златоуст“.

На крајот на Литургијата, Неговото Блаженство Архиепископот Јован го благослови празничното коливо, а по Светата Литургија, го изврши чинот на водосвет.


рубрика: вести

16.04.2023

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован пасхалната вечерна богослужба ја служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст, во Битола.


рубрика: вести

16.04.2023

Светата Пасха, Воскресението Христово, празникот над празниците, денес беше прославен во сите богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на денот над сите денови, Велигден, служеше божествена Архиерејска Литургија во Ставропигијалниот манастир „Св. Јован Златоуст“, Битола.

Неговото Преосвештенство Епископот полошко-кумановски и Местобљустител дебарско-кичевски г. Јоаким богослужеше во Охрид.

Неговото Преосвештенство Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко богослужеше во Штип.

Неговото Преосвештенство Викарниот Епископ стобиски и Местобљустител струмички г. Давид богослужеше во Скопје.

Божествена Литургија беше отслужена и во сите останати богослужбени места на Православната Охридска Архиепископија.

Христос Воскресна!


рубрика: архиепископ\посланија

Ј О В А Н

по милоста Божја, Архиепископ охридски и Митрополит скопски,

до целата полнота на нашата најсвета Архиепископија Охридска

 

 

Благодат, милост и мир, од воскреснатиот во слава, Господ и Бог и Спасител наш Исус Христос.

 

Браќа сослужители и чеда во Христа возљубени,

оваа Пасха како велигденска порака го упатуваме словото од Св. Јован Златоуст кое се чита токму на денот на Пасха. Во продолжение следува содржината на тоа слово:

Кој е благочестив и богољубив, нека се насладува со ова чудесно и светло торжество на преславното Христово воскресение. Кој е благоразумен слуга и не ги сокрива во земја дадените му од Бога таланти, нека влезе радосен во радоста на својот Господ. Кој се потрудил со пост, нека го земе сега својот динариј. Кој работел уште од првиот час, нека ја прими денес својата праведна плата. Кој дошол по третиот час, нека празнува со благодарност. Кој успеал да дојде по шестиот час, нека не се беспокои ниту најмалку, бидејќи од ништо нема да биде лишен.

Кој задоцнил до деветтиот час, нека пристапи без да се сомнева и без да се плаши. Кој стасал дури во единаесеттиот час, и тој нека не се плаши заради своето доцнење. Бидејќи штедриот и великодушен Господар го прима и последниот како и првиот; го успокојува оној што дошол во единаесеттиот час, како и оној кој работел уште од првиот час; и последниот го милува по снисходење и првиот го задоволува со заслужена награда; и на оној му го дава заслуженото и овој го дарува по Својата добрина; и делата добри ги прима со радост и намерата ја поздравува со љубов; и на трудот му оддава чест и расположението го пофалува.

Затоа, сите влезете во радоста на својот Господ; и првите и вторите примете плата;

богати и сиромаси, еден со друг ликувајте;

воздржници и мрзливци, почитувајте го денот со општо торжество;

вие кои постевте и кои не постевте, веселете се денес.

Трпезата е обилна, од неа наситете се сите. За блудните синови Отецот го закла угоеното Теле, никој нека не излезе гладен, сите насладете се со гозбата на верата, ползувајте се од богатството на добрината.

Никој нека не се жали од сиромаштија, зашто се јави општото царство. Никој нека не тагува заради гревовите, зашто од гробот на Спасителот заблеска простувањето. Никој нека не се плаши од смртта, зашто нè ослободи смртта на Спасителот.

Ја поништи Оној Жизнодавецот Кој беше од неа обземен. Го опустоши адот Оној Кој слезе во адот. Се огорчи адот што го вкуси Телото Негово.

Претскажувајќи за тоа столетија порано, пророкот Исаија воскликна: Адот, вели, се огорчи, кога долу Те сретна,

адот се огорчи, бидејќи се поништи,

адот се огорчи, бидејќи се посрами,

адот се огорчи, бидејќи се умртви,

адот се огорчи, бидејќи се сотре,

адот се огорчи, бидејќи се окова.

Прими тело, а наиде на Бога. Прими земја, а во неа сретна небо. Го прими она што го гледаше, а потпадна под она што не го гледаше.

Каде ти е, смрт, бодилото?

Каде ти е, аду, победата?

Воскресна Христос и ти се ничкоса. Воскресна Христос и паднаа демоните. Воскресна Христос и се радуваат ангелите. Воскресна Христос и животот се зацари. Воскресна Христос и никој не остана мртов во гробовите, зашто, Христос, воскреснувајќи од мртвите, стана првина меѓу умрените.

Нему слава и власт во вековите на вековите. Амин.

 

Христос воскресе!

 

На Пасха, 2023 година

 

Ваш молитвеник пред воскреснатиот Христос

Архиепископ и Митрополит
Охридски и Скопски Јован


рубрика: вести

15.04.2023

На Вечерната на Велика Сабота Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: вести

14.04.2023

На службата на Оплакувањето Христово, Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован служеше и проповедаше во Ставропигијалниот манастир Св. Јован Златоуст во Битола.


рубрика: свет архиерејски синод\посланија

ПОРФИРИЈЕ

по милости Божјој

православни Архиепископ пећки, Митрополит београдско-карловачки и Патријарх српски, са свим архијерејима Српске Православне Цркве, свештенству, монаштву и свим синовима и кћерима наше свете Цркве: благодат, милост и мир од Бога Оца, и Господа нашега Исуса Христа, и Духа Светога, уз радосни васкршњи поздрав:

Христос васкрсе!

 

Целиот текст на пасхалното послание на Српската Православна Црква на следниов линк: https://spc.rs/vaskrsnja-poslanica-srpske-pravoslavne-crkve/




ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!



Од: Информативната служба на Православната Охридска Архиепископија


© православна охридска архиепископија 2004-2023