Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

18.05.2019

Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква го одржа своето редовно заседание во манастирот Жича и во Белград, од 09 до 18 Мај 2019 година.

На Светиот Архиерејски Собор учествуваше и Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован со Епископите на автономната Православна Охридска Архиепископија.

Во однос на црковната состојба во нашата татковина, Светиот Архиерејски Собор истакна: „Тешка е состојбата и на нашата автономна Охридска Архиепископија во Северна Македонија, кадешто во мигов нема директен прогон врз Архиепископот Јован, Епископите, клириците, монасите и верниците, но над глава постојано им виси Дамокловиот меч на нов судски прогон. И покрај тоа, нашата Црква и понатаму, како и до сега, е за дијалог со тамошната Црква, која веќе со децении пребива во раскол и е за решение на проблемот на автентично канонска основа“.

Извор: http://spc.rs/sr/saopshtenje_za_javnost_svetog_arhijerejskog_sabora_4