СООПШТЕНИЕ
во врска со сметката за донирање за прославата на 1000 години од основањето на Православната Охридска Архиепископија
Светиот Архиерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија определи донациите за прославата на 1000 години од основањето на Охридската Архиепископија, којашто е закажана за 30 Септември 2018 г., да може да се уплатуваат на:
жиро сметка бр. 210-5015983812-78, во Тутунска банка,
(цел на дознака: донација за прослава 1000 години од основање на Охридската Архиепископија),
во сопственост на Неговото Преосвештенство, Епископот брегалнички и Местобљустител битолски г. Марко (Кимев).
Во недостаток на можности да има своја жиро сметка, бидејќи сѐ уште не е регистрирана како правно лице, на истата сметка и Бирото за застапување на Република Македонија пред Европскиот суд за човекови права, при Владата на Р. Македонија, ја исплати оштетата од 9500 евра, која им ја наложи споменатиот суд, откако Р. Македонија го изгуби спорот против Православната Охридска Архиепископија пред овој суд.
Од канцеларијата на Светиот Архиерејски Синод
на Православната Охридска Архиепископија