Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ English

03.02.2015

На 2 Февруари 2015 година, врз основа на решението на судот во Скопје, од затворот во Идризово беше ослободен Архиепископот охридски Јован (Претстоител на автономната Православна Охридска Архиепископија на Српската Православна Црква).

Прашањето за неговата положба и за неговата здравствена состојба беше разгледувано за време на братската средба на Неговата Светост Патријархот московски и на цела Русија Кирил и Неговата Светост Патријархот српски Иринеј во Белград на 15 Ноември 2014 година.

На 20 Декември 2014 година, по благослов на Неговата Светост Патријархот московски и на цела Русија Кирил и на Неговата Светост Патријархот српски Иринеј, Претседателот на Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија, Митрополитот волоколамски Иларион, го посети Скопје и се сретна со Архиепископот Јован.

Истиот ден, во Скопје дојде до средба на Митрополитот волоколамски Иларион со државното раководство на Република Македонија, со претседателот Ѓорѓе Иванов и со премиерот Никола Груевски. Митрополитот Иларион се сретна и со архиепископот Стефан, поглаварот на Македонската Православна Црква која сега се наоѓа вон општење со светското Православие.

На 28 Јануари 2015 година, по благослов на Претстоителите на Руската и на Српската Црква, Епископот бачки Иринеј во придружба на архимандритот Филип (Васиљцев) исто така го посети Архиепископот Јован во затворот во Идризово.

Се очекува Архиепископот Јован во наредните денови, согласно на доставената покана од Светејшиот Патријарх московски и на цела Русија Кирил, а со благослов на Светејшиот Патријарх српски Иринеј, да пристигне во Русија на лечење.

Во Руската и Српската Православна Црква сите со благодарност кон Бога го поздравуваат ослободувањето на Архиепископот Јован.