Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

16.05.2014

Разни и често противречни вести за возможностите во однос на изнаоѓањето решение за црковниот раскол во Република Македонија во последно време се шират низ медиумскиот простор. Помеѓу останатото, скопските медиуми објавија – а некои други медиуми тоа го пренесоа – дека водството на Црквата во Македонија, која себе се нарекува Македонска Православна Црква, а се наоѓа во раскол со сите помесни Православни Цркви, упатило писмо до Светиот Архиерејски Собор со кое бара продолжување на разговорите. Со жалење соопштуваме дека станува збор за дезинформација, бидејќи никакво писмо од Скопје овие денови нема стигнато во Патријаршијата во Белград.

Независно од тоа, Светиот Архиерејски Собор искрено и одговорно, пред Бога и луѓето, изјавува дека Српската Православна Црква секогаш била и денес е отворена и подготвена за дијалог, со најдобра намера да даде одлучувачки придонес за воспоставување на канонски поредок, верски мир и братска љубов во соседната и пријателска земја.

Но, за да дојде до тоа, неопходно е претходно да биде ослободен неправедно затворениот канонски Архиепископ охридски г. Јован, затворен и на маки изложен токму на барање на врвот на Црквата која се наоѓа во раскол.

Порака, идентична со оваа наша братољубива порака, на јерархијата на „Македонската Православна Црква“ ѝ упатија и Светејшите Патријарси, вселенскиот г. Вартоломеј и московскиот г. Кирил, како и поглаварите на другите Православни Цркви.