Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

29.04.2010

На своето попладневно заседание на 29-ти Април оваа година, Светиот Архијерејски Собор на Српската Православна Црква едногласно ги усвои предлозите на надлежните епархијски Архијереи и ги внесе во диптисите на светите на Православната Црква имињата на блаженоупокоените: архимандрит Јустин Поповиќ, духовник на манастирот Ќелије, крај Ваљево (1894-1979), од сега преподобен Јустин Ќелијски, и Симеон Поповиќ, настојател на манастирот Дајбабе кај Подгорица (1854-1941), од сега преподобен Симеон Дајбабски.

Литургијскиот спомен на преподобниот Јустин ќе се слави на 1-ви Јуни по стар стил (односно 14-ти Јуни според нов стил), а споменот на преподобниот Симеон ќе се празнува на 19-ти Март по стар стил (1-ви Април по нов стил).

Свеченото прославување на новоканонизираните Божји угодници ќе биде извршено на соборната Света Архијерејска Литургија во недела, 2-ри Мај, во храмот „Св. Сава“, на Врачар, со почеток во 9 часот.

Преподобни и богоносни Отци наши Јустине и Симеоне, молете го Бога за нас!

Епископ бачки Иринеј
портпарол на Светиот Архијерејски Собор

Белград, 29-ти Април 2010 год.