Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Православна Охридска Архиепископија

Свет Архијерејски Синод

15.10.2009

Основниот суд во Велес го осуди во отсуство Неговото Блаженство, Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на затворска казна од две години и шест месеци за кривично дело „затајување”. Покрај тоа, судот определи Архиепископот Јован да исплати отштета на расколничката МПЦ во износ од 14.804.211 ден., што е околку 240.000 евра. На кој начин судот ја определи токму оваа сума кога расколничката МПЦ бараше отштета од 20.083.000 ден, односно околу 330.000 евра, познато му е само на судот. Инаку, вештачењето покажа оти Архиепископот за себе нема присвоено ниту еден денар, а сè што се набавувало додека тој бил надлежен за Епархиите каде епископствувал остана како инвентар на расколничката МПЦ, па затоа, тој беше два пати до сега ослободуван од првостепениот суд, а Апелациониот суд ја враќаше постапката на повторно разгледување. Веќе нема некој во Р. Македонија кому му е непознато дека судењата на Архиепископот се политички мотивирани и со политичка заднина. Едно е сигурно дека расколничката МПЦ нема да добие никакви преговори за нејзиниот статус сè додека државните органи под нејзино влијание го гонат Архиепископот.