Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

16.08.2004

од Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија


На седницата на Светиот Архијерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија, досегашниот местобљустител полошко - кумановски, Епископот велички г. Јоаким беше избран и назначен за Епископ полошко - кумановски со сите права и должности на надлежен архијереј на споменатата Епископија. Заради вонредната состојба во која се наоѓа Православната Охридска Архиепископија, гонета и малтретирана од власта, интронизацијата ќе се одржи кога за тоа ќе се создадат услови.

После расчинувањето на бившиот Епископ на полошко-кумановската Епископија, тронот остана празен. Синодот на Православната Охридска Архиепископија чекаше да се исцрпат сите правни лекови, па откако измина 30 дневниот рок за жалба даден од Архијерејскиот Суд, а расчинетиот Кирил не упати барање за апелација до Соборот, се пристапи кон пополнување на упразнетата катедра.

Синодот ги потврди имињата на кандидатите кои ќе бидат испратени на школување во средните и високите богословски училишта во странство и одлучи да ја продолжи веќе започнатата судска постапка кон расколничкиот архиепископ Стефан и членовите на неговиот синод.


Од канцеларијата на Светиот Архиерејски Синод
на Православната Охридска Археипископија