Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Во годинешнава Божикна посланица, со која Неговата Светост Патријархот српски Иринеј со сите Архиереји на Српската Православна Црква и на автономната Православна Охридска Архиепископија им го честита претстојниот празник на Рождеството Христово на припадниците на нашата света Црква, помеѓу останатото, посветено е внимание на состојбите, кои се однесуваат на црковниот живот и во нашата татковина.

Во Божикната посланица, меѓу другото, се вели:

„Со пастирска грижа и одговорност, ги повикуваме нашите браќа и сестри во Македонија, кои се во раскол, да сфатат, во духот на љубовта Христова, дека автокефалијата е исклучиво црковна институција и дека таа треба да придонесува за напредокот и зацврстувањето на единството помеѓу Православните Цркви. Во таа смисла Српската Православна Црква се трудеше и работеше низ изминатите осум векови. Доколку автокефалијата би се сфатила на поинаков начин, според логиката на овој свет, како елемент на државна сувереност, национална посебност или одвојување, тогаш таа не придонесува за единството и градењето на Црквата, туку поттикнува самодоволност и саможивност, постанува и таа, парадоксално, хула на Духот Свети.“

Целата содржина на посланицата:

http://spc.rs/sr/bozhitshna_poslanica_srpske_pravoslavne_crkve_7