Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Б И О Г Р А Ф И Ј А
НА ЕПИСКОПОТ БРЕГАЛНИЧКИ И МЕСТОБЉУСТИТЕЛ БИТОЛСКИ
Г. МАРКО (КИМЕВ)

Роден е во Штип на 25.11.1977 година и крстен како православен христијанин со име Горан. Основно образование завршил во родниот град по што се запишал на средно богословско училиште во Скопје. По завршувањето на педгодишната богословија и воениот рок се запишал на богословскиот факултет во Скопје, а истовремено работи и во администрацијата на Велеската и Повардарска Митрополија. По стапувањето на Велеската и Повардарска Митрополија во единство со Српската Православна Црква, а преку неа и со целата православна икумена, како вработен во Митрополијата и духовно чедо на Митрополитот г. Јован, на 06.07.2002г. насилно бива прогонет од страна на полицијата во Р. Македонија, заедно со Митрополитот и сите негови духовни чеда кои живееа во зградата на Митрополијата. Само неколку денови после тоа, на 20.07.2002 година, во услови на прогонство во Манастирот „Св. вмч. Георгиј” кај Неготино, Митрополитот г. Јован го потстрижува во монаштво и го добива името Марко. Но, уште истата вечер на монашењето, заедно со Митрополитот и неговите духовни чеда бива прогонет по втор пат, сега од манастриот Св. Георгиј кај Неготино. На 02.08.2002г., во манастирот „Св. Прохор Пчински”, ракоположен е во ѓаконски чин од епископот Врањски г. Пахомиј и како ѓакон служи во параклисот „Воскресение Христово” во Битола, а истовремено посетува школо за грчки јазик во Грција. Дипломирал теологија на Аристотеловиот Универзитет во Солун, Грција. Иако релативно млад, заради потребите на Охридската Архиепископија, со одлука на Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква, одржан на 23/10.05.2003 година, по предлог на Митрополитот велески и повардарски и егзарх охридски г. Јован, избран е за негов викарен епископ со титула Дремвицки. На 01.06.2003г. во новоформираниот резиденцијален манастир на Охридската архиепископија посветен на Св. Јован Златоуст, ракоположен е во јеромонашки чин. Немајќи можност неговата хиротонија да се изврши во Р. Македонија, бидејќи властите забранија влегување на српскиот Патријарх и Епископи на Српската Православна Црква во Р. Македонија, истата се изврши во манастирот Св. Прохор Пчински на 07/24.12/11.2003г., а со одлука на Светиот Архијерејски Синод на Српската Православна Црква поставен е за местобљустител битолски. На 29/16.06.2006 со одлука на Светиот Архиејерејски Синод на Православната Охридска Архиепископија поставен е за надлежен Архијереј на Брегалничката епархија со титула Епископ Брегалнички и местобљустите битолски. Бидејќи Православната Охридска Архиепископија сеуште е прогонувана од дражавните власти на Р. Македонија, и служи во катакомбни услови, интронизацијата на Епископот Брегалнички и местобљустител битолски г. Марко ќе се изврши кога за тоа ќе се создадат неопходните услови.