Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Бугарската, но и пошироката православна јавност, веќе цела седмица со несмален интезитет, ја изразува згрозеноста пред фактот дека долгогодишен професор и декан на богословскиот факултет во Софија, којшто истовремено завземал и други мошне важни места во Црквата, но и во бугарската Влада, всушност е агент на тајните комунистички, разузнавачки служби.

Станува збор за г. Иван Желев Димитров.

Имено, на официјалната интернет презентација на Бугарската Православна Црква, г-ѓата Десислава Панајотова го пренесува Решението № 230 на Комисијата за досиеја, од 16-ти Јуни 2011 год., според коешто се откриваат документите за припадност на бугарски граѓани при Државната безбедност и разузнавачките служби на Бугарската народна армија.

Помеѓу неколкуте имиња, во посоченото Решение запишано е името и на гореспомнатиот Иван Желев Димитров, којшто, согласно на информациите објавени и на порталот “Двери”, бил врбуван од Едоардо Денчев уште во 1973 год., а на 08-ми Јануари 1982 год., бива регистриран како таен агент на Државната безбедност, со псевдонимот Ангелов. Исто така, наведено е и името на полковникот Христо Кирилов Маринчев, којшто бил главен раководител на г. Иван Желев, при неговата тајна, разузнавачка дејност. Покрај останатото, Решението уште предочува дека при завземањето на посочените важни функции во Црквата и државата , г. Иван Желев “вршел дејност, којашто не соодветствувала на вековните и на најновите религиозно-образовни традиции на Црквата.”

На нашава јавност, г. Желев досега и беше познат исклучиво како голем заштитник на расколничката МПЦ. Уште во 2004 г., како што објави весникот “Време” (број 245), Иван Желев бараше од Бугарската Православна Црква да ја признае расколничката МПЦ! Слична информација пренесе и “Дневник” (број 2614), додавајќи дека Желев го повикал бугарскиот Патријарх г.г. Максим да ја признае расколничката МПЦ! Македонските журналисти се повикуваа на г. Желев и на 27-ми Февруари 2011 год. (Сител ТВ), кога тој со политички изјави се залагаше за легализирање на расколот на МПЦ! Конечно, соработката на г. Желев со МПЦ се манифестираше и со неговите локални промоции на расколничките теолози од приватниот факултет на МПЦ (26 Ноември 2009 г.).

Сега, Решението № 230, отвора повеќе суштински прашања: дали долгодишната дејност на г. Желев во однос на афирмацијата на расколот на МПЦ соодветствува на вековните традиции на Црквата? Дали г. Желев ја афирмирал МПЦ по налог на истите комунистички служби, коишто ја создадоа МПЦ во 1967 год.? Дали МПЦ може да најде некој друг којшто ќе ја извршува партиската задача за легализација на расколот, а притоа, тој да не биде некој таен агент на комунистичките служби? Дали...

Доколку Р. Македонија дејствително ги следи реформските трендови во кои спаѓа и лустрацијата, реформи коишто ја зголемија довербата во поранешните комунистички држави од Источна Европа, за очекување е дека Претстедателот на Р. Македонија, г. Ѓорге Иванов, конечно ќе побара да се отклучи историјата за да се откријат сите оние Желеви, коишто ја создаваа расколничката МПЦ, и коишто до денес преку нејзината јерархија и висок клир како заложник продолжуваат да го држат народот во раскол!