Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

1. Кратките нозе на расколот.

Граѓаните на Р. Македонија и нивната власт, долго време наназад, а особено последниве години се доведоа себеси во незавидна состојба пословично да бидат фрлени на буништето од новата европска историја.

Ексклузивното право, пак, само одредени луѓе да бидат политичари т.е. граѓани, заврши со комунизмот, но овојпат нема да навлегувам во политичкиот аспект на горепосочената состојба.

Предмет на моето разобличување е лагата на расколниците којашто прераснува во аутизам чијашто специфичност е да се брани со насилни средства. Расколничките епископи од самопрогласениот неканонски ентитет наречен „Македонска православна црква (МПЦ)“ во последно време особено интензивно и кампањски го имитираат оној кројач којшто на царот му ги кроеше и скрои „одеждите“. Та, слично како и кројачот, само заради сопствена материјална корист и ниски побуди, расколниците невешто употребуваат измислици за да ја убедат македонската јавност дека се облечени во – Црква. Но, деновиве светската црковна и политичка публичност искрено се одважи да им го соопшти непобитниот факт дека се - голи т.е. дека се во шизма, и дека македонските политичари и медиуми се оние суетни болјари коишто им ја фалат голотијата, легализирајќи си го духовниот далтонизам како уникатен начин на постоење.

Но, за разлика од македонската, евро-атлантската јавност ги разликува боите. Како може да се чувствуваат високите функционери на самопрогласениот неканонски ентитет наречен „МПЦ“ после ставовите искажани од Вселенскиот Патријарх Вартоломеј. „Неприфатливата и противцрковна постапка на претставниците на Владата на БЈРМ (во оргиналот стои FYROM), длабоко загрижува бидејќи сведочи за свесната упорност во расколот којашто ја пројавуваат епископите на самонаречената Македонска Црква: тие постојано додаваат динамит со своите постапки коишто ја продлабочуваат поделбата, иако, на зборови, изразуваат воља да се реши нерешеното прашање на нивната каноничност и нивното придружување на Телото на најсветите помесни сестрински Православни Цркви.“ Од оваа реченица јасно може да се согледа схизофрената свест на расколниците. Во штурите контакти со претставнивците на Црквата, на зборови мамат дека сакаат да се реши нивниот раскол, а на дела со „динамит“ прават се да не дојде до решение. Доколку лицето не им е безчувствително, пред ваквите констатации на Вселенскиот Патријарх расколничките епископи од самопрогласениот неканонски ентитет наречен „МПЦ“ ќе го наведнат барем погледот. Сега можат да ги лажат само уредниците на средствата за јавно информирање во Р. Македонија коишто со лажното пренесување на информациите прават евро-атлантската реалност да не кореспондира со македонската, свесно создавајќи на тој начин еден непремостлив културолошки јаз помеѓу нас и цивилизираниот свет.

Но, не ќе можат повеќе да му подметнуваат на народот. Народот повеќе не ќе можат да го лажат дека нив ги мразат сите Цркви. Невозможно ќе е расколот да продолжат да го претставуваат за Црква. На лагата и се кратки нозете како што е се пократок фитилот на динамитот којшто самите го потпалија, и којшто ќе им експлодира во лице. Бидејќи, на нив ќе се исполни изреката на американскиот претседател Теодор Рузвелт: „сите луѓе можеш да ги лажеш некое време, некои луѓе можеш да ги лажеш цело време, ама не можеш сите луѓе да ги лажеш сето време“.

Епископите на канонските јурисдикции (бугарската, албанската, антиохиската, карпато-руската, цариградската...) од Соединетите Американски Држави ѝ предочија на Американската Влада и на светската јавност дека „затворањето на Архиепископот г.г. Јован е навреда за сите демократски општества“. Со тоа расколниците ги направија македонската Влада и народ заложници на сопствената духовна и интелектуална инсуфициенција.

Синодот на Црквата од Грција беше дециден дека однесувањето на расколниците од МПЦ најмногу го отежнува сообразувањето на нашата држава со заложбите за нејзината европска перспектива.

Рускиот Патријарх Алексеј, исто така, јасно посочи дека „наш долг и наша обврска е со сите мерки да придонесеме да се сочува православното единство, бидејќи расколот претставува несреќа и трагедија за Црквата“.

Вселенскиот Патријарх Вартоломеј му напиша на г. Владо Бучковски дека затворањето на Архиепископот г.г. Јован е спротивно на „Вашите меѓународни односи, особено во поглед на аспирациите на вашата земја за придружување кон Европската Унија“, барајќи тој „да нареди негово итно ослободување“.

Конечно, како и во повеќето 21-вековни општества, се разбира дека неопходно ќе е македонските граѓани да имаат право на избор на која верска група ќе сакаат да ѝ припаѓаат.

2. Кој ќе му суди на Архиепископот г.г. Јован?

Од горепосоченото, пак, очебијно е дека проблемот на расколничките епископи е проблем на нивната недостојност и на нивното црквоборство.

Колку може бившиот митрополит Кирил со учество во убиство којшто денес живее семеен живот со сопругата Елисавета хаџи-Димитриу и ќерка (извор: книгата издадена од расколничкиот митрополит Петар „Глас на вистината“, Битола 1990) и, по потреба вокабулар на национал-шовинист, да биде епископ?! Кај се чуло и видело владика женет да биде?! Но, таков митрополит имаат расколниците, и тој си создава наследство ракополагајќи подобни нему нови расколници. Тоа доволно говори и за нивната психолошка деконструкција!

Колку може бивш светогорец каков што е расколничкиот митрополит Наум избеган од манастирот и осуден за постапката од Старецот и Протатот на Света Гора (бр. на Протокол Ф.2/5в/228, Света Општина Атос), да биде епископ било каде во светот? Но, таков син на непослушанието за свој татко имаат расколниците, а плодовите негови, за светот на Православието, се анегдотните: „исихија“, „љубов“, детските градинки и игротеки што ги отвора, прелеста и се што од неа следува!

Вдовци коишто својата семејна болка ја компензираат со изживување врз народот, расколниците имаат неколку видови. Едниот вдовец (Петар), се занимава со криминал преку океанот коцкајќи огромни суми (според исказот на расколничкиот архиепископ Стефан даден во интервју со Горица Попова за МТВ во 2004 г. станува збор за над 3 милиони изгубени австралиски долари во кавги со Македонци, а оваа година цифрата достигнала 4 изгубени милиони), на општо задоволство на македонската јавност којашто си останува глува и нема, а во слободно време тој низ Македонија руши православни храмови; другиот вдовец (Агатангел), со жолто од тутун меѓу прстите гледа да си ги здоми децата бидејќи му се помили од народната толпа; третиот, пак, вдовец (Горазд), во цивил се шета поднапиен некаде низ Кисела Вода. За селанецот од Добрушево и селанецот од Младо Нагоричане секому е јасно дека слично на вдовците, ако не ги примеле во богословија ќе завршеле во некој интернат за полицајци. Важна е униформата. „Од пастирски причини“!!!

Според извори од Народна Банка на Македонија (станува збор за ревизорите на ТАТ), расколничкиот митрополит Петар сите парични средства од црквите во неговата епархија ги вложувал во ТАТ, а каматите од тие средства не биле враќани на сметките на црквите, туку на негова приватна сметка! Од Народна Банка на Македонија се тврди дека вкупната сума на загубени црковни пари (во меѓувреме Петар си ја зема каматата), со пропаѓањето на ТАТ изнесува 200 илјади евра. Во ТАТ, од Народната Банка на Македонија тврдат дека во слични финансиски махинации се вмешани и расколничкиот архиепископ Стефан и бившиот митрополит Кирил.

Угледниот професор г. Стефан Санџакоски, уважуван во јавноста поради неговиот познат морален интегритет за една локална телевизија во Охрид одговорно го изнесе ноторниот факт за расколничкиот митрополит Тимотеј дека е со специфична сексуална ориентација која е некомпатибилна со професијата епископ, дури и во „МПЦ“. Постојат и фотографии кои го илустрираат учеството на Тимотеј на хомосексуални журки во Грција и Австралија. Во круговите на нивната верска организација се оди до таму што, од некои магистри по теологија се тврди дека постои т.н. хомосексуално лоби со големо влијание во сите важни одлуки.

Кога, пак, станува збор за финансиските дубиози на Тимотеј, индикативни се следниве два примери: распродажбата на најсветите места за охриѓани и сиот славјански свет – манастирот „Свети Наум“ којшто го продаде за хотел-бордел, и црквата „Света Софија“ којашто си ја рента за разноразни белосветски хепенинзи. Да не зборуваме за малверзациите со издавачката куќа „Канео“! За тоа прашајте го професорот Димитар Белчовски!

Едно време во „Зум“ го чепнаа расколничкиот митрополит Наум за неговите финансиски малверзации со Ламбе Арнаудов и „Електростопанство на Македонија“ како и за неговите приватни патувања со една монахиња во вилата на Љубе Бошковски во Хрватска (дури и ги објавија авионските карти), но откако овој се прешалта во социјал-демократ работата се заташка!

Впрочем, за расколничките епископи и кај власта, но и на други места има дебели досиеа заради што им се врзани нозете. Но, засега – доволно. Ќе им дојде редот. Тие и такви персони ќе му судат на Архиепископот г.г. Јован! Зар не е ова општество на хипокризија и двоен морал?!

3. Со црквоборци е невозможна заедница.

Јерархијата на самопрогласениот неканонски ентитет наречен „МПЦ“ пребива во раскол, и тоа не е за оспорување. Но, едно е сигурно: црковна свест и совест нема, исто како што нема грижа за паствата, за народот што сака дејствително да го живее соборното православно Христијанство, наспроти расколот, којшто од Отците на Црквата е идентификуван со ерес. Затоа во недостаток на автентична духовност, сега кога сиот православен свет отворено ги нарекува расколници, тие прагматички, за свој приватен интерес, го употребуваат национал-шовинизмот. Та, гледајќи ги сите други низ таа призма, денес ги произведуваат: и Вартоломеј, и Алексеј, и Бугарите, и Албанците... во наши непријатели, а сите помесни Цркви на светот, па дури и онаа во Јапонија во заложници на Србите!!!

За луѓе со таква визура не е ни чудно што направија се да го затворат Архиепископот г.г. Јован, да демолираат и рушат, да насилствуваат. На таквите егзекутори режимот им содејствува заради заедничките користољубиви интереси.

Но, за нивниот „динамит“ денес знаат сите помесни православни Цркви во светот.

Евро-атлантската цивилизација е против затворањето на Архиепископот г.г. Јован.

Црквата којашто постои во Р. Македонија, а тоа е канонската и од сите цркви призната Православна Охридска Архиепископија никогаш нема да се согласи да има заедница со такви црквоборци какви што се епископите на МПЦ.

монах Харалампиј