Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

Какво ли слепило! Каква ли заблуда! Какво ли злоумие! Каква ли измама! Еден од расколничките жреци, на пример, светски познатиот „исихаст“, медитира дека „дури и подршката од Грците овој пат изостана“. Така е кога се нема визија. А, во неговиот кокетно-подлизурковски однос кон Бугарите, Романците и Русите, коишто ниту збор немаат изустено против Охридската Архиепископија, зар не мисли дека го потценува сопствениот народ и дека тој народ Македонски, еден ден нема да се запраша – зошто тие Цркви веќе 40 години не го признаваат расколот? И, зошто денес кога според зборовите на МПЦ, на Бугарите, Романците и Русите се им е јасно, тие не го признаат расколот како Црква? Или, пак, гледајте чудо, целиот свет е станат заложник на некои си Срби?

За подршката на Охридската Архиепископија, пак, од другите Цркви, доволно говори нејзината интернет страница. Таква подршка за расколот очебијно е - отсуствува.

Другиот од жреците, пак, новопечениот расколнички авторитет „ди-џеј буцко“, во духот на христијанската љубов, како адвокат на непомјаникот ги најавува новите судења против Архиепископот г.г. Јован! Доколку сака да биде доследен на себе си, нека почне од неговиот „поп Јоле од Лисиче“ алијас Петар со „резервен пасош за секој случај“. Македонските медиуми беа тие коишто му посочија дека од пастирско-патриотски причини Петар ги раскарал Македонците во Австралија губејќи македонски 4 милиони австралиски долари по судови.

Што друго да се каже за овие „богословски аналфабети“, „расколнички мудреци“ и „духовни робови“! Навистина, ништо повеќе.

Сега да ја согледаме реалната состојба. Македонските медиуми деновиве, иато така, ја информираат нашата јавност со информации од ваков тип:

„Деканот на катедрата за меѓународно јавно право на универзитетот во Бристол Малколм Еванс ја критикува судската пресуда со која Вранишковски беше упатен на издржување затворска казна. Забелешките на британскиот професор генерално се за, како што тој вели, ограничувањето на верските слободи, и неможноста на судот да формира прифатливи стандарди во своето одлучување, со што била поткопана неговата објективност и непристрасност.“

Премиерот Бучковски, пак, изјави: „Кога ќе започнат преговорите со ЕУ, ќе има и многу понепријатни прашања од овие. Во очекување сме на непријатното прашање околу почитувањето на основните човекови права и особено правото на слободна вероисповед, кое мене ми задава најголема главоболка, поголема отколку одговорите на овие девет. Ќе ни треба многу хартија и засилена активност за да ја објасниме нашата позиција, бидејќи во овој момент не се доволни само објаснувањата дека имаме поделба на власта и дека ова е независна одлука на судските органи. Според првичните контакти и информации, разговорите со австрискиот канцелар Шисел и министерот за надворешни работи, како и врз основа на првичниот извештај на ОБСЕ, може да се заклучи дека Македонија ќе биде доведена во многу сложена политичка ситуација, давајќи едноставен одговор на ова прашање.” Премиерот Бучковски, исто така, ги потврди и информациите во медиумите дека апсењето на Вранишковски не ја прослави Македонија во Брисел и го оцрни имиџот на земјата, па ќе треба многу политичка вештина да ги избегне критиките.

Допрва ќе ги слушаме ставовите на ЕУ, ОБСЕ, „Амнести Интернешнл“, „Хелсиншки Комитет“ и т.н., и т.н.

Но, се уште не е доцна. Еден народ сме и граѓани сме на една земја, а припаѓаме на различни верски заедници. И, во тоа нема ништо лошо. Затоа, не само декларативно, но дејствително треба да ги имплементираме европските вредности и да научиме да се прифаќаме со нашите различности. Прифаќајќи го, пак, изборот на другиот можеме да демонстрираме завидна цивилизациска свест. На тоа сме должни, како заради нашето родољубие, така и заради обврската за европски имиџ на нашата земја.


Ѓорѓи Стојановски