19.01.2015
Соопштение
Кривичниот совет при Основниот суд Скопје I, од Скопје, на 09 Јануари 2015 год., донесе одлука за ослободување на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован од затворот Идризово.
Минатата седмица Јавното обвинителство издаде писмено соопштение дека нема да упатува жалба на постоечката судска одлука за ослободување на Архиепископот Јован.
Денес, кога во Р. Македонија е државен празник и неработен ден, Јавното обвинителство го смени ставот од пред само неколку денови, и во средствата за информирање објави дека токму денес ја поднело жалба на донесената судска одлука.
Следствено, Архиепископот охридски г.г. Јован, иако постоеше судска одлука за негово ослободување, денес, во предвидениот рок, сепак не беше ослободен од затворот.