Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ English

→ Српски

09.07.2012

Денес, на 09 Јули 2012 г., според важечките закони на Р. Македонија, делото за коешто расколничката „Македонска православна црква“ (МПЦ) го обвинува Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, веќе е целосно застарено, бидејќи се изминати десетте години од последната дата опфатена во обвинението.

Делото е целосно застарено, а Апелациониот суд сè уште нема изречено пресуда! И покрај тоа, Архиепископот г.г. Јован најпрвин беше два месеци во затвор, а сега, во притвор се наоѓа веќе цели пет месеци!

Против Архиепископот г.г. Јован во последниве десет години, во континуитет, штом заврши еден судски процес, започнува нов, и по барање на расколничката МПЦ, тој веќе шести пат се наоѓа во затвор. Ваквиот однос кон Архиепископот г.г. Јован, од страна на активистите за човекови права, именуван е како класична државна тортура врз личноста на Архиепископот г.г. Јован, та следствено, сосема е јасно дека под плаштот на „независното судство“, се спроведува државен терор врз верска основа против Архиепископот г.г. Јован и останатите Епископи, монаштво и верници на Православната Охридска Архиепископија.

Посочениот однос на корумпираното и подложно на политички притисоци судство, резултира со негативни известувања на релевантни меѓународни институции во однос на газењето на верските слободи во Р. Македонија, и неговата реформа се наметнува како услов за интегрирање на нашата земја во цивилизациските демократски текови.