Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija
→ Српски

17.01.2012

Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован, на 16-ти Јануари 2012 год., во попладневните часови, беше префрлен од приемното одделение на затворот Идризово, во затворениот дел од затворот.

Иако сè уште не е завршена процедурата по решавањето да му се повтори судската постапка и тој да може да се брани во негово присуство, затворската управа одлучила да го смести Архиепископот Јован во одделението кадешто се извршуваат санкциите со најстрог третман.

Казната, којашто Архиепископот Јован ја има добиено во судскиот процес во којшто  беше суден во отсуство изнесува двеипол години затворска казна, но тоа воопшто не е висина на казна за да го добие најстрогиот затворен третман, бидејќи други осуденици, со многу повисоки казни, добиваат или полуотворен или отворен третман.

Од информациите, коишто допираат во јавноста, тоа решение е резултат на барањата на расколничката МПЦ, којашто инсистирала Архиепископот Јован да биде ставен под најстроги затворски услови и да му се отежнат сите комуникации надвор од затворот.

Од: Канцеларијата на Архиепископијата охридска и Митрополија скопска