Pravoslavna Ohridska Arhiepiskopija

20.11.2010

Светиот Архиерејски Собор на Српската Православна Црква во своето соопштение за јавноста посвети соодветно внимание во однос на притворањето на Неговото Блаженство Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован и на државниот прогон што на верска основа се спроведува против него и Православната Охридска Архиепископија.

Светиот Архијерејски Собор реагираше на веста за апсењето на Архиепископот охридски и Митрополит скопски г.г. Јован на граничниот премин Калотина помеѓу Бугарија и Србија од страна на бугарските погранични органи, и неговото задржување во притвор врз основа на потерница од македонската полиција – реагираше најпрвин со молитва кон Бога за братот во неволја, потоа со јавен протест заради неправедното гонење на Архиепископот Јован после судската фарса против него во Република Македонија, и, најпосле, со соборски апел, како до државниот врв на Србија, така и до претседателот на Република Бугарија, г. Георгиј Прванов, тој да биде ослободен.